Хроника

За два дена двајца Македонци загинаа во сообраќајки со мотоцикл

Во трагедија кај Брајчино мотоциклист загина откако излетал од патот

По трагедијата во Скопско кога завчера загина 19 годишно момче од Побожје во нов трагичен сообраќајен инцидент со мотор рано утринава во ресенско, животот го загубил 44-годишен жител на Љубојно.

Според билтенот на МВР, околу 05:45 изутрина во СВР Битола било пријавено дека на влезот во село Брајчино, Ресенско, мотоциклистот В.Т. (44) од Љубојно, управувајќи мотоцикл со ресенски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Во несреќата тој се здобил со тешки повреди, од кои починал на самото место. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. На местото на несреќата извршила увид екипа од ОВР Ресен. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Најнови вести од: Хроника

Жителка на Куманово требала да врати 2500 евра камата за еден месец за заем од 4 илјади евра! Истрага за четворица за криминална изнуда и перење пари

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица, за кои постои сомнеж дека биле дел од злосторничко здружение, а вршеле и перење пари и изнуда. За тројца од нив денес до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување притвор, додека четвртиот веќе е надвор од Македонија.

To top