Скопјанка на возраст од 39 години, во алкохолизирана состојба, приведена е рано утрово поради агресивно однесување кон полициски службеници на подрачјето на Карпош.
Жената со иницијали Д.П. ги попречувала полицајците во вршењето службени дејства.
При преземање мерки било констатирано дека има 2,88 промили алкохол во крвта, се вели во билтенот на Министерството за внатрешни работи.