Хроника

Жена ноќеска загина во пожар во Пинтија

Огнот избувнал околу 01 часот по полноќна долниот кат од куќата. но 85.годишната жена не успеала навреме да излезе

Осумдесет и петгодишна жена загинала во пожар што ноќеска избувнал во куќа во скопската населба Пинтија, објави Скопје 1. Пожарот бил пријавен по полноќ. Причината засега останува непозната.

Од Министерството за внатрешни работи соопштиле дека случајот бил пријавен во 01:48 часот. Пожарот избувнал во куќа во сопственост на С.К. (45), каде живеела и нејзината мајка М.В. (85).

Според неофицијални информации на Скопје1, огнот избувнал на долниот кат од куќата.
Жената не успеала навреме да излезе.

 

Екипа на Итната медицинска помош констатирале смрт на местото, соопшти МВР.

На други лица им била укажана прва помош.

 

Најнови вести од: Хроника

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци – МВР повикува на внимателност

Станува збор за обиди за фишинг измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба.

Осум дена притвор за возачот од Битола, откако беше приведен и по вторпат: првиот пат со 3,23, а потоа и со 3,50 промили алкохол во крвта!

Х.Ј. (29) првиот пат бил запрен кај спортската сала „Боро Чурлевски“ со 3,23 промили, а два дена подоцна на Партизанска повторно возел пијан. Му е одреден осумдневен притвор.

To top