Хроника

Скопјанец измамен за 28.700 евра од лажен службеник во државна институција, кој за возврат божем ќе му го врател претходно запленетиот златен накит!

Синоќа во 21:30 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје, жител на Скопје пријавил дека од 12.11.2024 до 12.01.2025 од друго машко лице бил измамен за околу 28.700 евра.

Обвинение против шестмина, со измами земале брзи кредити на туѓо име и од 2022-2024 „ќариле“ 52 илјади евра

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против шест лица осомничени за организирана измамничка шема со брзи кредити, во која, според обвинението, биле злоупотребувани лични податоци, користени фалсификувани исправи и внесувани невистинити податоци во информатички системи. Покрај обвинението, против уште 33 лица е поднесен предлог за издавање казнен налог за кривичното дело „компјутерска измама“.

Условна казна затвор од една година за поранешната претседателка на ДКСК Татјана Димитровска, поради оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат

Основниот кривичен суд Скопје денеска ја објави пресудата во предметот против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска, изрекувајќи ѝ единствена условна казна затвор од една година за кривичните дела одавање службена тајна и компјутерски фалсификат.

Пијан гостиварец „успеал“ вчера да биде уапсен двапати – првин поради ѓурултија на „Галичката свадба“, а потоа и во Гостивар!

Гостиварец вчера двапати бил уапсен пијан. Првпат претпладнето во Галичник, поради агресивно однесување на манифестацијата Галичка свадба, а потоа синоќа во Гостивар, поради нарушување на јавниот ред и ред, во пијана состојба.

Кривични пријави против А.З.(55) и И.М.(32) од Охрид – на 8.7.2026 му продале на С.П. (44) паковка со кокаин, која ја проголтал, пресретнат од полиција, па починал

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.З.(55) и И.М.(32), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение дека А.З. сторил кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, а заедно со И.М. сториле кривично дело „тешки дела против здравјето на луѓето“. На двајцата, одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена.

To top