Хроника

Петмина лишени од слобода за две одвоени разбојништва во Скопје

Тројца гостиварци во апс за обид да ограбат Австриец во Градскиот Парк и двајца скопјани за ограбување сограѓанин на плоштад „Македонија“

Пет лица, од кои тројца гостиварци и двајца скопјани, се лишени од словода за две одвоени разбојништва завчера во главниот град.

„Полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода пет лица во врска со две кривични дела, пријавени на 09.08.2026. Во координација со СВР Тетово, од слобода се лишени Ј.Ј.(24), А.О.(22) и А.А. (24), сите од Гостивар, поради сомнение дека на 09.08.2026 околу 04:00 часот, во близина на градскиот парк во Скопје, го нападнале В.О. (23) од Австрија и се обиделе да му одземат пари и лични предмети, при што едниот од нив му нанел расекотина.

Расчистено е и кривичното дело “разбојништво” извршено на 09.08.2026 на плоштад “Македонија” во Скопје, врз Ш.С. од кого, според пријавеното, биле одземени торба со документи и пари. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од ОКР Центар и Бит Пазар презедоа соодветни мерки и активности за расчистување на случајот и од слобода се лишени А.А.(18) и А.С.(19) од Скопје. По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

 

Најнови вести од: Хроника

Кривична пријава и отстранување од работа на раководител на смена во полициска станица на „Јажинце“ – „скинал“ казна

А.Љ., раководител на смена во Полициска станица за граничен премин „Јажинце“ во тетовскиот регион, на границата со Косово, на 27 јуни одлучил да не ја изрече предвидената глоба од 100 евра во денарска противвредност. Тој не го исклучил возилото од сообраќај и му овозможил на возачот и понатаму да учествува во сообраќај со возилото, за кое претходно друг полициски службеник констатирал сообраќаен прекршок од Законот за возила – управување возило со истечен рок на сообраќајната дозвола од 30 дена.

To top