
„Албанците се изморија од доживотните властодршци на ДУИ како Муса Џафери, кои се вртат веќе две децении со својот веќе потрошен модел на владеење, донесувајќи само корупција, лично богатење и застој на земјата, а не нејзин развој и рамноправност. Спроти локалните избори во октомври годинава ДУИ е во паника и затоа се обидува да се скрие зад лажни приказни, измислува непријатели и зборува и за вазалство кон ВМРО ДПМНЕ. Наместо нивната иднина да остане во заложништво на ДУИ и нејзините доживотни властодршци, Албанците имаат право и моќ да го сопрат овој стар модел и да отворат ново поглавје во албанската политика со својот глас на локалните избори годинава.“ – нагласува Латиф Арифи, националниот координатор за комуникации и медиуми во Владата на Република Македонија во својата колумна со наслов „ДУИ не може да се крие зад пропагандата, туку фактите говорат сами по себе!“. Колумната ја објави весникот на албански јазик „Фол“.
Латиф Арифи пишува: ДУИ сега е во опозиција и не е повеќе во централната власт. Ова не настана случајно: граѓаните го казнија еден веќе потрошен модел на владеење, кој во текот на 20 години не донесе ниту развој, ниту рамноправност, туку само корупција, лично богатење и застој. На овие локални избори Албанците имаат можност да го завршат овој круг. ДУИ мора да се врати во опозиција и на локално рамниште. Ова не е политичка одмазда, туку општествена неопходност.
Само минувајќи четири години во опозиција, ДУИ ќе здобие можност да се исчисти одвнатре, да се реформира и да дојде со нови и професионални луѓе. Бидејќи на Албанците се изморија, гледајќи исти лица сиот живот на сцената. Не може да се очекува ништо ново од моделот на Муса Џафери, од властодршците, кои се вртат веќе две децении во „затворен круг“. Тие властодршци станаа заложници на самите себеси, но ја држат во заложништво и иднината на Албанците.
Еден од најголемите неуспеси, за кои ДУИ е директно одговорна, е пописот на населението. Првично, со попишувањето на иселеништвото преку интернет, што предизвика исклучување стотици илјади Албанци, кои живеат во странство, па прогласувајќи го пописот како неуспешен и прекинувајќи го. Потоа, пописот на населението во земјата беше проследен со многубројни дефекти, за кои беа одговорни двете главни личности на СДСМ и ДУИ. Од резултатите на тој попис произлегоа сериозни недостатоци, а политичкиот договор за поделба на населението на „резиденти“ и „нерезиденти“ беше непростлива грешка. Последиците од овој манипулиран попис денес ги трпат граѓаните во јавното планирање и инвестициите, бидејќи голем дел од населението не е засметан во неговата вкупна бројка.
Како последица на ови дефекти беше намален бројот и на општински советници на октомвриските избори. Затоа, нападите да се изнајде виновникот за ова намалување ДУИ не треба да ги насочува кон позицијата, туку кон самите себе. За ова сведочи и одлуката на Уставниот суд, со која се укина дискриминаторскиот термин „нерезидент“ за граѓаните.
Сепак, наместо да ја прифати вината за овие неуспеси, ДУИ се обидува да се скрие зад лажна приказна, измислувајќи непријатели, зборувајќи за вазалство кон ВМРО ДПМНЕ, но и ширејќи страв и пропаганда. Меѓутоа, ова се само симптоми на паника. Бидејќи кога немате визија и резултати, ви останува само клевета и измислување непријатели.
За да ги прикријат неуспесите, во игра фрлија самопрогласени аналитичари и заробени медиуми, кои зборуваат на ист јазик како и пропагандните брошури на ДУИ. Но, Албанците веќе дозволуваат да бидат измамени. Тие знаат кој градел хидроцентрали и кој купувал трговски центри, додека народот остана без вода, без патишта, без перспектива.
Затоа, изборите од 19 октомври се момент за историска одлука ДУИ да оди во опозиција и на локално ниво во општините со албанско население. Бидејќи само како опозиција таа може да стане нормална партија, способна да се натпреварува со млади и подготвени кадри, кадри кои повеќе од 20 години немале можност да излезат на виделина, бидејќи сè било заземено од кастата на доживотните властодршци. Ова ќе биде услуга не само за Албанците и за демократијата, туку и за ДУИ. Бидејќи партија, која не се реформира, која не прави место за младите луѓе и која не размислува за своите неуспеси, е предодредена да исчезне. Албанците имаат право и моќ да го сопрат овој стар модел и да отворат ново поглавје во албанската политика со својот глас. – пишува во својата колумна Латиф Арифи, националниот координатор за комуникации и медиуми во Владата на Република Македонија.