Колумни

„Евроинтеграцијата“ и „Бугарскиот договор“ со „Преговарачката ј/рамка“ се во „клиничка смрт“ – Резолуцијата на ЕП е ништовна и во целосен судир со меѓународното право

Пишува Свето Тоевски: Со Резолуцијата на Европскиот парламент бугарските и грчките европратеници, потпомогнати од одделни нивни европски колеги, но и од „централата“ на ЕУ во Брисел, се обидоа да ги „избришат“ клупите и подот на Европскиот парламент со македонскиот идентитет и јазик, но тоа не им беше можно да го сторат. Можеа само да се обидат […]

Пишува Свето Тоевски: Со Резолуцијата на Европскиот парламент бугарските и грчките европратеници, потпомогнати од одделни нивни европски колеги, но и од „централата“ на ЕУ во Брисел, се обидоа да ги „избришат“ клупите и подот на Европскиот парламент со македонскиот идентитет и јазик, но тоа не им беше можно да го сторат. Можеа само да се обидат и ништо повеќе, бидејќи македонскиот јазик и идентитет стојат на многу високо цивилизациско рамниште со својата древност и со неизмерниот придонес не само кон писменоста и просветата на сите словенски народи, туку и со придонесот кон подемот на сета европска цивилизација. По овие скандалозни противмакедонски случувања во Европскиот парламент и газењето на македонскиот идентитет и јазик, „македонската евроинтеграција“ е веќе западната во „клиничка смрт“, а во исто време и „Бугарскиот договор“, злогласниот втор и другиот протокол, плус „Преговарачката рамка“ (многу поточно речено „Преговарачка јамка“), како и „францускиот предлог“.

Европскиот парламент со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ вчера го усвои Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за Македонија за 2023 и 2024 година. По страотно непринципиелните и противправни барања и притисоци на бугарско-грчките центри на моќ, во ЕП скандалозно помина Извештајот за „европскиот напредок“ на Македонија, при што од конечната верзија на Извештајот беа изземени формулациите, во кои експлицитно се споменуваат македонскиот јазик и идентитет.

По Извештајот на Вајц следуваше усвојување резолуција на Европскиот парламент за Македонија. „С. Македонија треба да ги усвои преостанатите уставни измени во согласност со своите обврски, за да може веднаш да се заврши почетната фаза на преговорите за пристапување“ – ова е еден од клучните делови на таа резолуција на Европскиот парламент. Таа ќе претставува само нов меѓународен притисок врз Македонија и најдиректно врз македонскиот народ да прифатат нова промена на Уставот на државата по барање на Бугарија.

Резолуцијата на Европскиот парламент – нов документ, што еднострано ги уважува еднострано само бугарските државни хегемонистички интереси

Според експертите по меѓународно право, Резолуцијата, усвоена вчера во европскиот законодавен дом (ЕП) за Македонија, од која се избришани македонскиот јазик и идентитет, е „нелегална и целосно ништовна од аспект на принципите и нормите на меѓународното право, а особено и со оглед на фактот што таа крши важни меѓународни акти на Организацијата на Обединетите Нации, кои ја гарантираат, покрај другото, и уставната еднаквост на македонската држава, на македонскиот народ и на сите други македонски граѓани, еднакво со сите други држави, народи и нивни граѓани во Европа и светот. Експертите се надоврзуваат дека оваа резолуција на Европскиот парламент нема карактер на меѓународен и правно обврзувачки документ, па со оглед и на тоа таа и дополнително „не може да произведе никакви ниту симболични, ниту какви било други обврски за Македонија“.  Резолуцијата на Европскиот парламент еднострано ги уважува само бугарските хегемонистички и шовинистички интереси , а ги игнорира и ги гази македонските државно-национални интереси.

Некои аспекти од вчерашната резолуција на Европскиот парламент за Македонија и зошто дел од европратениците се извор на несправедливост, невистина, неверодостојност и од кои причини ги урнисуваат Европскиот парламент и ЕУ во целина, а најмногу комплетното меѓународно право.

1.Резолуцијата на Европскиот парламент ја крши Декларацијата на Генералното собрание на Организацијата на Обединетите Нации за недопустливост на интервенирањето и вмешувањето во внатрешните работи на државите, од 9 декември 1981 година, број A/РЕС/36/103. Со оваа декларација Генералното собрание на ООН потврдува, во согласност со Повелбата на Обединетите Нации, дека ниту една држава, или група држави, нема право да интервенира или да се меша во каква било форма, или од која било причина во внатрешните и надворешните работи на другите држави. Во оваа декларација на Генералното собрание на Организацијата на Обединетите Нации натаму се нагласува: „Генералното собрание го потврдува дополнително и основниот принцип на Повелбата на Обединетите Нации дека сите држави имаат должност да не се закануваат, или да користат сила против суверенитетот, политичката независност или територијалниот интегритет на други држави…“

Резолуцијата на Европскиот парламент во директна форма користи така наречена „мека сила“ против внатрешниот и надворешниот суверенитет на македонската држава и нејзината политичка независност, наметнувајќи ја обврската да го менува својот устав.

Ништовноста на резолуцијата на Европскиот парламент за Македонија извира и од следниот став од таа декларација на ООН: „Принципот на немешање во внатрешните и надворешните работи на државите ги опфаќа следните права и должности: суверенитет, политичка независност, територијален интегритет… како и националниот идентитет; суверено и неотуѓиво право на државата слободно да го одредува својот политички, економски, културен и општествен систем… без надворешна интервенција, мешање, субверзија, принуда или закана во каква било форма…“

Резолуцијата на Европскиот парламент ја повикува Македонија да изврши промена на својот Устав во согласност со „добрососедскиот договор“ со Бугарија и протоколите кон него, Преговарачката рамка и „францускиот предлог“, кои категорично содржат став дека македонскиот народ, македонскиот јазик, идентитет имаат „бугарски историски темели“. Тоа претставува целосно негирање на етничката, идентитетската и јазичната засебност на македонскиот народ. Во претходно цитираниот пасус на споменатата резолуција на ООН е стриктно прецизирано дека овој документ на светската организација ги има целосно заштитено македонскиот јазик и идентитет, како и македонската историја од какви било и чии било обиди за негирање или присвојување.

Декларацијата на Генералното собрание на Организацијата на Обединетите Нации за недопустливост на интервенирањето и вмешувањето во внатрешните работи на државите стриктно забранува завлегување во идентитетскиот комплекс на кој било народ, што значи и на македонскиот народ. Таа резолуција на Европскиот парламент го прави токму тоа! Членка на ООН е и Македонија: и за неа во еднаква мера важи применливоста на оваа декларација на ООН. Овие одредби од споменатата декларација на Генералното собрание на Организацијата на Обединетите Нации најдиректно значат дека ниту ЕУ, ниту Европскиот парламент, ниту Бугарија, Грција или која било друга држава немаат право да се мешаат во внатрешните и надворешните работи на Република Македонија, ниту да ѝ наложуваат да го менува Уставот во замена за „отворање на преговорите со ЕУ“.

Како членка на ООН и Македонија има право самата суверено, неотуѓиво и слободно да го одредува својот политички, општествен, но и уставен систем, во согласност со своите државни интереси и интересите на сите нејзини граѓани, во конкретниов случај и во согласност со националните интереси на македонскиот народ.

2.Вчерашната резолуција на Европскиот парламент во случајот со Македонија и македонскиот народ ја крши и Резолуцијата за недопустливост на политиката на хегемонизам во меѓународните односи на Генералното собрание на Обединетите Нации (Resolution on inadmissibility of the policy of hegemonism in international relations – UN General Assembly 14 December 1979). Оваа резолуција на Европскиот парламент влегува во директен судир со меѓународното право и најважните елементи на принципот на добрососедството – принципот на недопустливоста на хегемонизмот, кој е многу прецизно наведен во Резолуцијата за недопустливост на политиката на хегемонизам во меѓународните односи на Организацијата на Обединетите Нации, како и со самата Повелба на ООН.

Оваа резолуција на Генералното собрание на ООН им забранува и на ЕУ, Европскиот парламент, на Бугарија, на Грција или која било друга земја, да спроведуваат политички, културен, историски и идентитетски хегемонизам врз Македонија и македонскиот народ, што се спроведува со таканаречениот „добрососедски договор“ со Бугарија. Со оваа резолуција на ООН се забранува и нарушувањето на правото на самоопределувањето на народите, кое, исто така, му се попречува на македонскиот народ со „Бугарскиот договор“.

(Авторот изнесува во оваа колумна согледувања од сопствена објективна политиколошка анализа, кои немаат никаква поврзаност со која било политичка партија во Република Македонија. Ставовите на авторот не се став на редакцијата на „Експрес“)

„Нова Македонија“

Најнови вести од: Колумни

Митрополитот Теодосиј Гологанов, деец за автокефалноста на МПЦ-ОА и борец против бугарско-грчките напади врз црковниот и национален идентитет на македонскиот народ

Денес, кога го прославуваме големиот православен христијански празник Божиќ – Рождеството Христово во манастирите и црквите на Македонската православна црква како наследничка на древните Охридска архиепископија и Јустинијана Прима, ова е соодветна пригода за повторно навраќање кон црковно-националните дејци, кои се вложија себеси и својата дејност за возобновувањето на автокефалноста на денешната Македонска православна црква – Охридска црква и на црковно-народните традиции на македонскиот народ. Еден од тие дејци е и митрополитот Скопски Теодосиј Гологанов, роден со световното име Васил Гологанов, токму на Божиќ, на 7 јануари 1846 година во селото Трлис во Серско, во Егејскиот дел на Македонија, денес во Грција. Наша дури и своевидна национална должност е да го чуваме Гологанов засекогаш во своето колективно национално паметење како народ, да ги чуваме личноста и дејноста на овој духовник, македонски национален деец, црковен писател и борец за обновување на Охридската архиепископија и за создавање самостојна македонска национална држава. Ова дотолку повеќе што дури и во „слободната светска енциклопедија“ Википедија на англиски јазик за него се напишани дрски и примитивни фалсификати дека, наводно, бил „бугарска религиозна фигура“ и оти „учествувал во борбата за автономна Бугарска црква“!

Хрон ја објави „Народноста на македонските Словени“ 135 години пред Тито „да ги створи македонскиот јазик и народ“, што е бугарски фалсификат!

Австрискиот лингвист и македонист од чешко потекло Карл Хрон ја објави својата научна студија со наслов „Народноста на македонските Словени“ („Dаѕ Volksthum der Slaven Makedoniens“) во 1890 година во Виена, во тогашното Астроунгарско царство, цели 135 години пред „Тито да ги измисли Македонците како народ“ и пред „да им го создаде со наредба новоизмислениот македонски јазик“, како што тврди официјална Софија во своите фалсификати, депонирани и во ЕУ. Карл Хрон во својата студија со несоборлива научна објективност ќе ги образложи и ќе ги докаже самобитноста  и развојот на македонскиот народ и македонскиот јазик. Студијата на Карл Хрон „Народноста на македонските Словени“е своевиден пишан споменик за етничката и јазична засебност на македонскиот народ и таа допрва ќе задобива уште поголема важност за него во борбата за конечно и вистинско решавање на македонското национално и јазично прашање.

Оставнината на Марко Цепенков „втора македонска Библија“ и автентично сведоштво за македонскиот идентитет и јазик, за животот на нашите предци

Марко Костов Цепенков (Прилеп, 7 ноември 1829, Ореовец, Прилепско – 29 декември 1920, Софија) е најголем и најзначаен собирач на македонски народни умотворби, кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, за лингвистиката, за националната историја, за правото и за моралот на Македонците. Денес се навршуваат 105 години од неговата смрт. Неговото дело е издадено во 10 томови и е повеќепати преобјавувано во Македонија. На научниот собир по повод 190-те години од раѓањето и 100-те години од смртта на Цепенков, кој го организираа Македонската академија на науки и уметности и Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ на 4.11.2020 година, проф.д-р Ермис Лафазановски, тогаш како директор на Институтот за фолклор, истакна: „Во денешната меѓународна политичка ситуација, во која се наоѓаме, собраните материјали на Марко Цепенков сведочат за нашиот македонски идентитет, јазик и култура. Неговата оставнина ние, Македонците, денес може да ја наречеме наша втора Библија. Како поинаку да се нарече неговото импозантно собирачко дело, во кое сме запишани сите ние, заедно со нашите предци и нашите идни поколенија? Во кое е запишано создавањето на нашиот свет и луѓето во него, нашите соништа.“

Ајде да им простиме на најдобрите меѓу нас – Пишува Драган Милосављевиќ

Мислам на писатели, актери, режисери, музичари, сликари, спортисти, научници чијшто успех не само дома туку и надвор е општо познат и признаен, но нивната репутација во ова општество е сериозно упропастена поради овие или оние причини

To top