Колумни

И специјален дрон не успеал да го пронајде телото на бугарскиот нуркач

Новиот обид за вадење на телото се случил во присуство на бугарски претставници

Специјален подводен дрон не успеал да го пронајде телото на бугарскиот нуркач кој го загуби животот во близина на селото Трпејца во Охридското езеро.

Потрагата по бугарскиот нуркач на возраст од 52 години почна веднаш по инцидентот но екипите на МВР, Црвен Крст и нуркачкиот клуб Амфора не успеа да го извадат телото.

Потрагата по лицето од Бугарија кое исчезна при нуркање во водите на Охридското Езеро деновите продолжила со специјален подводен дрон кој ја истражувал локацијата каде што последен пат нуркал И. Т.

 

Во придружба на претставници на бугарската амбасада во Скопје специјалниот дрон пребарувал поширок терен од акваторијата на езерото кај селото Трпејца но за жал без успех, информираат неофицијално извори поврзани со пребарувачите тимови.

 

Надлежните служби засега не даваат официјални информации за случајот, бидејќи се уште трае истрагата по нуркачот, а предметот се третира како случај на исчезнато лице.

 

Настанот се случи во саботата (9 август) кога во 13:15 часот до полицијата било пријавено дека лицето И.Т. (52) од Бугарија исчезнало при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро на потегот пред селото Трпејца.

 

Според непотврдени информации, исчезнатиот влегол во езерото заедно со друго лице, при што вршеле техничко нуркање. Наводно, на себе имал тешка опрема за нуркање и појас со тегови што дополнително ја усложнило ситуацијата.

 

Потрагата деновиве треба да продолжи со ангажирање на специјална опрема која треба да дојде од странство.

Најчитани статии

 

Историски изгорен од Берлински и Букурешки договори Македонецот е претпазлив и од Аљаскини и Московски договори

Македонецот да не се воодушевува од средбата Трамп – Путин, така и нему му ја кројат судбината – апел на новинарот

Најнови вести од: Колумни

Турскиот генерал Ознал: Историските, културните и етничките вистини на Македонците треба да се признаваат! Македонскиот јазик е единствен!

Ознал пишува и за геноцидот врз Македонците од 1913-1918 година, кој го смета за многу поголем од голготата во 1948 година во Егејска Македонија, под Грција. Според турските архиви, турскиот Генералштаб располага со фрапантни податоци за масовен егзодус на Македонците од Егејска Македонија, присилно протерани во Бугарија.

Панко Брашнаров (9.8.1883-13.7.1951), сведокот на двата Илиндена, непоколебливиот борец за создавање на македонската држава

Брашнаров голем дел од својот живот го помина по затвори, каде што бил брутално тепан и изложуван на тортури, поради својот македонски патриотизам. Затоа остана без семејство и потомство. Во колективното паметење на македонскиот народ останува засекогаш запишан со светли букви.

Ахмети во Приштина ги повика Албанија и Македонија „да побараат преиспитување на Резолуцијата на Советот на Европа за УЧК на Косово од 2011“

Дали Али Ахмети на 7.8.2025 во Приштина побара „преиспитување на Резолуцијата на Советот на Европа од 2011 година во врска со косовската УЧК“, но со одредена цел и да превенира можна негова кривична одговорност во Македонија како „врховен командант“ на македонската УЧК во врска со „Хашките случаи“, ако и откако биле реактивирани во македонското правосудство, што го бараат токму Советот на Европа и неговата комесарка за човекови права Дуња Мијатовиќ?

Ќе може ли преку ЕУ и ООН како во 1925 да се побара заштита за македонскиот јазик и неговите дијалекти во Грција, оти дел од нив се соочуваат со закана од „јазична смрт“?!

Сѐ поголем број од македонските дијалекти, особено во источниот и западниот дел на Егејска Македонија, се соочуваат со растечка закана од „јазична смрт“, иако сѐ уште покажуваат одредена отпорност и способност да опстојат, задржувајќи ја колку-толку улогата на чувари на македонската лингвакултура и идентитет во Егејска Македонија, денес во Грција.

Преспанскиот договор е „концентрат“ на геноцидниот и идентитетски фашизам на Метаксас, кој, според Биртлс, се однесуваше кон Македонците како Германците спрема Евреите (2)

Мерките на грчките фашисти и на Метаксас преку јазичниот, духовниот и физичкиот геноцид да ги сотрат Македонците во Егејска Македонија не дале резултат, туку, напротив, уште повеќе го засилиле отпорот да се зачуваат македонскиот идентитет и јазик.

Преспанскиот договор е стопроцентен „концентрат“ на геноцидниот и идентитетски фашизам на Метаксас од 1936 до 1940 врз Македонците во Егејот и нивниот идентитет и јазик

Се смета дека од 1936-1940 година, во периодот на фашистичката диктатура на грчкиот генерал Јоанис Метаксас, поради употребата на македонскиот јазик биле казнети, затворени, или прогонети околу 5.250 Македонци.

To top