Колумни

Панко Брашнаров (9.8.1883-13.7.1951), сведокот на двата Илиндена, непоколебливиот борец за создавање на македонската држава

Брашнаров голем дел од својот живот го помина по затвори, каде што бил брутално тепан и изложуван на тортури, поради својот македонски патриотизам. Затоа остана без семејство и потомство. Во колективното паметење на македонскиот народ останува засекогаш запишан со светли букви.

На денешен ден се навршуваат 142 години од раѓањето на Панко Брашнаров, сведокот на двата Илиндена, кој им го пренесе илинденскиот факел за самостојна Македонија на новите асномски и наредните македонски поколенија. Како еден од најистакнатите национални дејци за македонската кауза Панко го посвети сиот свој живот на борбата за создавање самостојна и слободна македонска држава.  Како патриотвљубеник во Македонија Брашнаров остана до крај непоколеблив борец и по цена на својот живот.

Панко Брашнаров е роден на 9 август (според нов стил) 1883 година во Велес. По завршувањето на Прогимназијата во Велес, се запишува на Педагошката школа во Скопје. Во периодот што следува кај него почнуваат да се будат револуционерните идеи за ослободување на Македонија. На почетокот од 1900-тата до 1908-мата година како национален борец е член на ВМРО во групата на учителот Андон Димов. По Младотурската револуција (1908) Брашнаров ги прифаќа социјалистичките идеи, кои за него биле остварување на неговиот идеал – решавање на македонското прашање и ослободување на Македонија. По завршувањето на Педагошката школа во 1901-ва во Скопје, станува народен учител. Веднаш потоа започнува неговото учителствување низ Македонија. Брашнаров бил преместуван често, поради отпорот, што го покажувал кон политиката на бугарската Егзархија-црква, која сакала во македонските училишта да се учи на официјален бугарски јазик, а учителите да пропагираат бугаризација на Македонија.

Во 1908-та заедно со Алексо Мартулков и Јордан Шурков се вклучува во Социјалистичката организација во Велес. Истата година учествува во организирањето на протестен митинг против завојувачките и однародувачките политики на Србија, Бугарија и Грција. Организатор на митингот било работничкото друштво “Класно сознание“ од Велес. На митингот е поставено барањето за слобода на македонскиот народ во рамките на една Балканска федерација. Во 1912-та Брашнаров се спротиставува на Балканските војни, кои се воделе за поделба на Македонија меѓу Србија, Бугарија и Грција, приклучувајќи се кон групата македонски револуционери, предводена од неговиот сограѓанин Димитрија Чуповски. Групата на Чуповски започнува да се бори за добивање меѓународна поддршка во борбата против поделбата на Македонија и да бара нејзино прогласување како самостојна држава. Брашнаров учествува во подготовките на конференција на политички партии, која ја организира Чуповски. Конференцијата се одржува во Велес. На конференцијата се бара автономија за Македонија како единствена алтернатива за спасување на Македонија од нејзино распарчување и поделба меѓу нејзините соседи.

За време на Првата светска војна(1914-1918)  Брашнаров е насилно мобилизиран во бугарската армија, која била на страна на Германците. По крајот на војната, во 1919 година престојува во Софија, каде што има контакти со Васил Главинов, Димо Хаџи Димов и други Македонски дејци. Во 1919 година со Версајскиот договор Вардарска Македонија станува дел од кралството СХС. Македонците повторно се поробени и угнетувани. Наметнати им се туѓ јазик и туѓ крал. Панко се враќа во Велес. Србите му нудат да работи како учител по српски, но ги одбива. Менува повеќе професии. За да преживее, работи во кафеана, која станува центар на комунистичкото движење во градот.

Во 1919-тата станува член на Комунистичката партија. Брашнаров станува приврзаник на комунизмот, поради фактот што еден од неговите основни постулати е правото на самоопределување на народите. Во комунистичкото движење тој ја гледа можноста за ослободување на македонскиот народ и за создавање на Македонска држава. Во 1921 година од Софија во Велес пристига порака од Тодор Александров до комунистичката група од Велес за формирање чети, кои би дејствувале во Велешко. На состанокот меѓу тројцата претставници од КПЈ е и Панко Брашнаров. Тие категорично се против намерите на Александров. Образложението е дека не може да дојде до соработка, бидејќи четите на Александров се орудие во рацете на бугарскиот двор и нанесуваат голема штета на македонскиот народ во борбата за самостојност и слобода.

Во втората половина на 1922-ра, партиската организација во Велес на чело со Брашнаров почнува илегално да го издава весникот „Искра’ на македонски јазик, велешки дијалект. Во весникот се третираат теророт врз македонското население во СХС, експлоатацијата на селанството и великосрпската асимилаторска политика. Тодор Зографски, во своите „Спомени“ ќе напише: Имавме двајца учители во раководството на партијата, од порано и сега, кои не сакаа да бидат српски учители и да вршат по принуда однародувачка работа над децата на својот народ, и да ги воспитуваат во шовинистички дух. Едниот од нив Панко Брашнаров работеше во воденицата на својот брат. Таквата упорност во личниот живот правеше впечаток на народот и вдахнуваше почитување и верба“.

Во 1924 година-тата, Брашнаров е еден од првите револуционери од вардарскиот дел на Македонија, на кого му е пренесена веста за обединување на македонските револуционерни сили врз платформата на Мајскиот манифест, донесен на 6-ти Мај 1924. Брашнаров веднаш ги прифаќа идеите на манифестот, и заедно со Ризо Ризов во Велес ќе формираат групи на ВМРО(Обединета), кои ќе дејствуваат врз принципите на Мајскиот манифест а со учество на комунистите. Меѓутоа во КПЈ се појавуваат негодувања и страв од појава на нова национална револуционерна организација на Македонците. КПЈ сметала дека Брашнаров може да го рашири македонскиот национализам.

Спорот во КПЈ против ВМРО (Обединета) ќе се изостри до степен на расцеп на организацијата. ЦК на КПЈ во писмо од 16 Март 1925-тата ќе бара напуштање на “националниот курс“ од страна на Брашнаров и Ризов и тие да останат верни на комунистичката партија. Брашнаров и Ризов нема да отстапат од македонската кауза. На 16 Август 1926 година состанокот на партиската организација во Велес е провален. Уапсени се Брашнаров кој раководел со состанокот, Борис Карбев, Јовче Џипунов, Никола Крстев и Бане Андреев. Брашнаров и Карбев се осудени на по две години затвор. По одлежувањето на казната, Брашнаров во 1928-та се враќа во Велес. Затворот не го предомислил и тој продолжува со својата револуционерна дејност. Во август истата година е предаден Брашнаров и потоа е префрлен во затворот во Велес. Тогашната српска жандармерија во Велес спроведува тортура врз Брашнаров. За време на истрагата цело време е тепан и држен во самица. После речиси една година притвор со тортура, во 1930 Брашнаров бил осуден заедно со група други дејци. На 15 мај во еден весник бил објавен апел на балканските национал -револуционерни организации за процесот кој се води против 22-цата Македонци – национал револуционери на чело со стариот народен учител и храбар борец за национална слобода на Македонија  Панко Брашнаров“.

За ослободување на Панко Брашнаров до претседателот на Владата во Белград било упатено писмо со потписи на 68 истакнати светски општествено-политички, научни и културни дејци меѓу кои Алберт Ајнштајн, францускиот писател Анри Барбис, Регина Рубен – писател од Германија, Сен Катајама – јапонски револуционер, Фан Коли од Албанија, Јакоп Хурвиц од Мексико, Р. Х. Ли од Кина, Абдул Меџид од Индокина, Лудеану од Бесарабија и др. На 21 Јуни 1930-та Брашнаров е осуден на 5 години затвор и на губење на сите граѓански права, поради членување во “Тајната федералистичка комунистичка револуционерна организација“ чија цел е ослободување на Македонија и нејзино обединување. На 9 октомври 1934, по одлежувањето на затворската казна во Сремска Митровица, се враќа во Велес, каде што во велешкиот затвор морал да одлежи уште 3 месеци затвор заради илегалното минување на границата во 1929-тата. По излегувањето од затвор постојано е следен и е под присмотра на полицијата. Во меѓувреме ВМРО Обединета е распуштена и Брашнаров еден период ќе остане мирен.

Почетокот на Втората светска војна довел до ново ропство на Македонскиот народ. Бугарските окупатори со нивната позната пропаганда се обиделе да го искористат авторитетот на Брашнаров за свои цели. Без знаење и одобрување од Брашнаров, Бугарите и пробугарските елементи во Македонија го запишуваат како член на Акциониот комитет во Велес што го формирале протагонистите на БЦАК (Бугарски централен акционен комитет). Брашнаров воопшто не присуствувал на состаноците организирани од БЦАК. Брашнаров ја одбива и понудата на Бугарите да биде учител на бугарски јазик и продолжил да работи во бакалскиот дуќан каде што работел по враќањето од затвор. Кон крајот на 1941-та Брашнаров повторно решава да се активира, и одејќи да се сретне со илегалецот од Куманово – Панче Пешев, фатен е во поставена заседа од бугарските фашисти. Повторно е спроведен во затвор во полициската станица во Велес. По десетина дена затвор поради немање докази за обвинение, е ослободен.

Наредната 1942-ра ја поминува како агитатор на ослободителното движење по велешките села. Велешкиот одред во тоа време биел жестоки битки со Бугарите. Во 1943-тата, Брашнаров иако на 60-годишна возраст, неуморно продолжува со својата мисија по велешките села да го убедува народот да пристапи на народноослободителното движење.  На 30-ти Април Брашнаров е избран како член на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ. На 9-ти Мај се упатува на слободна територија во реонот на Козјак каде стапува во врска со единиците на Третата македонска ударна бригада. Како најстар борец во бригадата, тој учествува во сите борби кои биле водени во текот на познатата Пролетна офанзива.

2 Август 1944-та, Манастир Св.Отец Прохор Пчински – како најстар делегат на Првото заседание на АСНОМ Панко Брашнаров го отвора заседанието, со зборови кои ќе останат вечен спомен за него и неговата љубов кон Македонија: „Во овој момент, во ова историско место – Св.Отец Прохор Пчински, и на овој историски ден – ИЛИНДЕН – кога објавувам да е отворено првото Антифашистичко Собрание на народното ослободуење на Македонија, душата ми е преполнета со радост, и пред премрежените очи гледам како се раздвижиле сите реки од Пчиња и Вардар до Места и Бистрица, заплискујат ја целата македонска земја, сакајќи да го измијат од македонскиот народ десетвековниот ропски срам од пропаста на Самоиловата држава, за да се роди денеска нова, светла и слободна Македонија. Во овој момент, земјата на нашите покојници – многубројните народни херои, паднали и посејали коските си по цела Македонија, им станује по лека и они во мир веќе го гледат изгревот на нашата слобода, гледат идеалната дружба на старите Илинденци на Гоце Делчев и денешните Илинденци – младата македонска војска и поставените темели за остварението на идеалот на две поколенија, на две епохи – слободна, обединета Македонија… Во знак на почитание спрема падналите јунаци, ја ве повикувам да им ја изразиме со еден минут молчание нашата вечна, бескрајна признателност. Вечна слава на падналите херои за слободата на Македонија. Жив сум свидетел на двата Илиндена – 1903 и 1944 година. Во моите спомени се книжат безброј моменти на илинденската народна епопеја и Крушовската република. Бескрајни беа напорите на вооружениот македонски народ, огромна беше жедта му за слобода, борбата го дари со слободна Крушовска република. Но разјарениот башибозук и турската регуларна војска се нафрлија и го затрупаја оазисот на слободна Македонија – Крушовската република, го задушија востанието и го стегнаја искрвавениот македонски народ во ново ропство. Животворниот извор на слободата не секна. Македонија ја поделија, ропствата се менија, но борбата на македонскиот народ не престана…“

Во 1948-та, со избивањето на спорот меѓу Југославија и СССР поради Резолуцијата на Информбирото(ИБ), Брашнаров јавно ќе застане против ставот на КПЈ и позитивно ќе се изјасни за резолуцијата. Поради неговите политички убедувања, на 11 декември 1950  Управата за државна безбедност (УДБ) на Македонија издава наредба за претрес на станот на Брашнаров во Скопје и тој е притворен. На 30 Јуни 1951 Панко Брашнаров, во тогаш на  68годишна возраст, е осуден на 2 години робија и испратен на „Островот на смртта“ – на Голи Оток, заедно со голем број други Македонци.  Само неколку дена по пристигнувањето на Голи Оток, на 13 јули 1951 Панко Брашнаров, умира не можејќи да ги издржи затворскиот третман, изнемоштеноста, прегладнетоста и тортурата од затворските чувари, кои секојдневно ги тепале затворениците.

Пренесено од: статија „Македонски легенди: Панко Брашнаров“ на „Македонска нација“

 

Најнови вести од: Колумни

Ако не се урне сценариото за уривање на Македонија, Македонците ќе станат бестатковинци – новите „Курди во Балканот“

Французите ги уриваат Макрон и неговата влада, ама не ја уриваат и Франција како држава, што е целта со Македонија! Се обидуваат и Германците да ги урнат германската владејачка коалиција и Мерц, ама не се стремат да ја урнат Германија како држава, што е целта со Македонија! Потребно е македонско национално и македонско државно единство во напорите за создавање услови за подобар живот за сите граѓани без оглед на етничката и политичката припадност, отфрлајќи било чии меѓународни замешателства во нашите внатрешни работи.

Макронова Франција, која се меша во внатрешните работи на многу држави, е „санстефанска маќеа“ за Македонија, а „европска мајка“ за Бугарија! (2)

Со оглед на активираното сценарио за уривање на Македонија како држава, ќе мора локалните избори на 19 октомври да бидат не само изјаснување за нови, поквалитетни локални власти и подобро функционирање на општините, туку и референдум за опстојот и просперитетот на Македонија како држава и заеднички дом за сите нејзини граѓани, без оглед на нивната етничка и политичка припадност.

По „париската обука“ Филипче и СДСМ ја „извадија“ „најпатриотската“ резолуција за „Бугари во устав“ – новата „бугарска алатка“ за распад на Македонија! (1)

По реакцијата на претседателот Макрон околу „недипломатското однесување“ на новиот амбасадор на САД во Париз Чарлс Кушнер околу прашањето за признавањето на Палестина, Министерството за надворешни работи на Франција на 24.8.2025 упати барање до Трампова Америка „да „не се меша во нејзините внатрешни работи“, бидејќи е тоа „неприфатливо од гледна точка на меѓународното право и Виенската конвенција за дипломатски односи“. Имајќи предвид дека меѓународното право еднакво важи и се применува и за Македонија, како требало да реагира таа кон Макрон, кој веќе неколку години се залага за „правда за барањата на Бугарија“, а пред се за внесување на „бугарскиот државотворен народ“ во македонскиот устав?! Уште и го „скрои“, заедно со своите соработници, катастрофалниот „француски предлог“?!

Аманетот на Петре М. Андреевски: Не дозволувајте друг да ни ја контролира националната свест! – Да изградиме заедничка програма за Македонија!

Во 2000 година во интервју за весникот „Нова Македонија“, запрашан што би им советувал на Македонците, македонскиот книжевен гениј и патриот Петре М. Андреевски ќе нагласи: „Да си ги вратат достоинството, храброста и вистината за себе!“

Зарем не може и Македонија да стане „балкански еколошки Сингапур“ со своја „револуција“ за собирање и искористување на отпадот?!

Во азиската град-држава Сингапур, која се нарекува не случајно „светска престолнина на рециклирањето на отпадот“, ѓубрето не се нарекува ѓубре, туку „рециклирачки материјали“, а во Македонија од него се формираат се поголем број „мини-планини“, кои се повеќе ја загадуваат животната средина и го загрозуваат животот и здравјето на луѓето, посебно во случаите на намерно подметнуваните пожари како во изминативе неколку седмици.

Албанија со устав бара да не бидат дискриминирани Албанците во други држави, а тамошните Македонци се жалат токму на тоа, дека се граѓани од втор ред! (4)

Попретседателот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција во Албанија Ендрит Фетаху на најјасен можен начин укажува зошто мора да се вратат во уставот на Македонија не само Македонците од Албанија, туку и од сите други балкански држави, заедно со грижата на државата за нив и нивните права, како што и се случи пред 30 години со усвојувањето на амандманот 58 на уставот: за да се одржи во живот македонската кауза во Албанија, но и во Бугарија, Грција, Косово и секаде каде што живеат Македонците во Балканот заедно со својот македонски етнички идентитет и мајчиниот македонски јазик.

Бугарија бара дури и„држава во држава“ за фантомскиот „бугарски народ“ во Македонија, а низ ЕУ се дере: „Њама македонски език, њама Македонци кај нас!“ (3)

Д-р Билјана Волческа-Вербруге, предавач по европска интеграција и културни студии на Тилбург Универзитетот во Холандија, ја критикува Бугарија дека ја принудува Македонија „повторно да ја пишува својата историја“, но и оти бара од неа преку хегемонистички говор и пристап да се откаже од какво било тврдење во врска со постоењето на македонско малцинство во Бугарија.

Грција со устав ги „цементира врските на Грците со татковината“, а со „преспанска бомба“ ги растури врските на тамошните Македонци со Македонија! (2)

„Групата за малцински прашања“ („Minority Rights Group“) со седиште во Лондон, во Велика Британија, искажува невидено остри обвинувања дека етничкото македонско малцинство во Грција ниту се признава дека воопшто постои, ниту оти има какви било малцински права, поради „силниот отпор на грчката влада, на грчките националисти и етничкото грчко население како целина“!

To top