Колумни

Следи „филмот“ „Македонскиот идентитет и јазик се свети, бе, мамето ваше!“ и репликата на Динев „Долу ‘македонски бугари’, да живее Македонската етноидеја!“

Пишува Свето Тоевски: Знаете што беа седницата на Европскиот парламент и гласањето за извештајот на Томас Вајц? Натпревар меѓу Бугарија и Македонија, во која Македонија не загуби, туку Бугарија и ЕУ, оти светот го виде на дело нивниот противмакедонски идентитетски фашизам! А што претставуваше резултатот 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ при гласањето […]

Пишува Свето Тоевски:

Знаете што беа седницата на Европскиот парламент и гласањето за извештајот на Томас Вајц? Натпревар меѓу Бугарија и Македонија, во која Македонија не загуби, туку Бугарија и ЕУ, оти светот го виде на дело нивниот противмакедонски идентитетски фашизам! А што претставуваше резултатот 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ при гласањето за резолуцијата на Европскиот парламент? Тоа беше негаторски удар врз македонскиот идентитет и јазик во режија на Софија, поддржана од Брисел, но и удар врз самата Софија, чија шовинистичка политика кон Македонија е разобличена во центарот на „високоцивилизираната“ Европа. На 9 јули Европа и светот видоа дека Бугарија целосно ја злоупотребува својата позиција како членка на ЕУ и оти се обидува да изнуди од Македонија не само промена на уставот, туку и серија нови следувателни „добрососедски отстапки“, кои се агенда за ремоделирање и бугаризирање на македонскиот идентитетско-идентитетски комплекс.

Седницата на Европскиот парламент ми предизика одредени асоцијации со прочуената реплика „Македонија е свето име, бе, мамето ваше!“ од македонскиот игран филм „Трето полувреме“ од 2011 година. Го изгледав „Трето полувреме“, ја изгледав и проекцијата на „евробугарскиот филм“ во Стразбур „Обид за бришење на македонскиот идентитет и јазик“ и сега знам дека ќе уследи прикажување и на „филмот“ „Македонскиот идентитет и јазик се свети, бе, мамето ваше!“ Веќе отсега како да ја наслушнувам македонската публика додека извикува во хор пркосно: „Ќе го играме и третото, овојпат македонско полувреме, ќе ве поразиме, како што ве поразивме и во 1941-1944!“

Во својата докторска дисертација со наслов „Пиринскиот дел на Македонија меѓу 1949-1968 година“ од 1997 година д-р Васил Јотевски ја наведува Резолуцијата за македонското прашање, која ја донесе Бугарската работничка партија (комунисти) на својот 10-ти проширен пленум, одржан на 9-10 август 1946 година. Во оваа резолуција со историска важност за сиот македонски народ било признаено постоењето негово во Бугарија и Македонија, како и на македонскиот јазик и македонската национална засебност и национална самосвест. Но 79 години по донесувањето на овој официјален бугарски документ, со кој се констатира објективната македонска политичка и историска реалност, Европскиот парламент донесува своја резолуција, со која е потврдено бришењето на македонскиот идентитет и јазик од предлог-извештајот на Томас Вајц под жестокиот притисок на бугарските и грчките европарламентарци. Напразно, реалноста и историјата не може никој да ги избрише. Токму затоа по овој евробугарски филм во Стразбур со наслов „Бришење на македонскиот идентитет и јазик“, Македонците ќе го режираат и ќе го прикажат и филмот „Македонскиот идентитет и јазик се свети, бе, мамето ваше!“

Со оглед на жестокоста, со која денес официјална Софија го негира македонскиот јазик, обидувајќи се да го прогласи де како „модерен“, де како „дијалектна норма на бугарскиот јазик“, со оглед и на тоа колкави напори се чинат македонската автентичлна и засебна историја да се прогласи како дел од „заедничката историја со Бугарија“, укажувам на еден исклучително важен документ на Министерството за народна просвета на HP Бугарија: одлуката во 1947 година во сите гимназии и прогимназии во Пиринскиот дел на Македонија да се воведат како посебни наставни предмети македонски јазик и македонска историја. Во 1947 година е признат во Бугарија македонскиот јазик, а денес се тврди дека не постои! Уште па и дел од европарламентарците  гласајќи за еврорезолуцијата ставаат „европски печат“ на „бугарската вистина“ дека „њама македонски език, њама Македонци“!

Пратениците во Европскиот парламент, но и денешната Влада на Бугарија, нивниот претседател, премиер и историчари, треба да ги имаат предвид овие официјални документи на нивната сопствена бугарската држава, а не да ги сокриваат и во име на „евроинтеграцијата“ и „балканското добрососедство“ да се фалсификува и да се прикажува како бугарско се што носи идентификациски предзнак „македонски“.

Сите оние, кои советуваат дека во име на „светлата европска иднина“ не треба „многу да буричкаме“ во своето македонско минато, ниту да „креваме врева“, сакам да им укажам на жестоката реакција на  македонскиот револуционер, новинар, публицист, историчар и општественик Ангел Динев (1.10.1891-17.2.1952), откако на 13 јули 1948 година на својот 16 пленум Бугарската комунистичка партија донесува резолуција, односно акт, со кој ја укинува културната автономија на Пиринска Македонија, а со тоа и политиката за признавањето на македонскиот народ, јазик и историја. Денешната резолуција на Европскиот парламент со бугарскиот шовинизам кон македонскиот идентитет и јазик, вграден во неа, е во многу елементи слична како и споменатава резолуција на БКП од 13 јули 1948 година. Поради возобновувањето на бугарската негаторска политика против Македонците во Бугарија, Динев праќа протестно писмо до Централниот комитет на Бугарската комунистичка парија и на 20 август 1948 година ја напушта  илегално Бугарија.

Во 1944 година Ангел Динев ја објавува брошурата „Етнографската идеја на македонските Славјани“, а подоцна и „Илинденската епопеја“ I-II, во кои смело го истакнува постоењето на македонската нација. Динев, човекот што ѝ го посвети својот живот на македонската национална кауза, ќе напише: „Долу фалшливиот лозунг македонски бугари’. Да живее нашата етнографска идеја!“ Оваа мисла на Динев, едновремено и ист наслов на неговата книга, отпечатена во Софија во 1944 година, ја објави интернет-порталот за историја и историски документи „Македонска  национална академија“, во форма на документ, како фотографија на насловната страница. Ќе биде поучно на челниците на ЕУ во Брисел, на европарламентарците и Бугарите да им се укаже на оваа знаменита мисла на Ангел Динев, за да ја сфати секој суштината на бугарската политика од пред 150 години, која се води против македонскиот народ и Македонија и и во оваа 2025 година.

Отфрлам однапред чија било и помисла дека ширам омраза кон бугарскиот народ и Бугарија, пишувајќи ги овие редови: јас ја ширам само македонската вистина и Македонската државотворна, етнографска и идентитетска идеја. Енергично сум против омраза кон било кои народи, па и против омраза кон бугарскиот народ. Занимавајќи се со антимакедонска шовинистичка политика, самите бугарски политичари, бугарската политичка елита, пројавуваат своевидна омраза против сопствениот бугарски народ, го запоставуваат и работат против неговите животни интереси. Зошто го напикаа во еврозоната, и покрај неговите жестоки протести?! На бугарското државно-политичко раководство приоритет му е да ја краде македонската историја и да ги негира македонската етничка и јазична засебност, наместо приоритет да му се животниот стандард на нивниот народ и нивната економија.

Не е никаков интерес ниту на бугарскиот, ниту на македонскиот народ да живеат во омраза, што го поттикнуваат Радев, Желјасков, Георгиев, Јотева и цела сурија други софиски политичари и историчари. Македонците не го прават тоа, штитејќи ги својот идентитет, јазик и историја, својата македонска држава. Работејќи против македонските државно-национални интереси, негирајќи ги Македонија, Македонците и македонскиот јазик, самото бугарското државно-политичко раководство фактички работи против интересите и на сопствениот бугарски народ, чија иднина во Балканот не е во судири со македонскиот народ, туку во заемно разбирање, признавање, помагање и соработка. Од свои геополитички причини и Европската унија работи против овие вистински интереси на бугарскиот народ во Балканот.

На Европската унија не ѝ е важно тоа Бугарите се најнесреќната нација во Европа, како и тоа што Бугарија е една од државите со најслаба економија во Европа. Уште помалку им е важно на бриселските еврократи дали постојат Македонци, кои говорат македонски јазик.  Всушност, челниците на ЕУ се „скарани“ најпрвин со своите европски  народи!

Е, затоа здружените европски десничари веќе наголемо го пишуваат сценариото на „филмот“ „Да ја демонтираме оваа ЕУ и да ја направиме пепел“! „Опцијата А е демонтажа на Европската Унија. Опцијата Б е да се затвори оваа ЕУ и да се замени со една мини-верзија. Во секој случај, ѝ велиме збогум на сегашнава ЕУ!“  –  овие две сценарија се опишани во „Големото ресетирање“ – проект изготвен од Институтот за правна култура „Ордо Јурис“ од Полска и Колегиумот „Матијас Корвинус“ од Унгарија, поддржан од крајно десничарската Вокс од Шпанија и други европски десничарски партии. „Големото ресетирање’ на двата европски аналитички центра не е никаква декларација за намери, туку уреден и детален план сегашната ЕУ да се претвори во пепел!“ – напиша мадрискиот весник „Ел Паис“ во својата анализа со наслов „Големо ресетирање: Детален план на крајната десница за демонтажа-растурање на ЕУ – Иницијативата на унгарските и полските тинк-тенкови обезбеди поддршка од шпанскиот Вокс и други популистички сили за деталната програма за ликвидација на европските институции“, објавувајќи го на 14 јуни 2025 година овој документ и проект на европската десница, на кој ќе му следи и реализација.

На овој европски десничарски „филм“ за демонтажа, или пеплосување на ЕУ ќе се надоврзе и претстојниот македонски „филм“ „Македонскиот идентитет и јазик се свети, бе, мамето ваше!“, во кој една од главните реплики ќе биде реченицата на Ангел Динев „Долу фалшливиот лозунг македонски бугари’. Да живее македонската етнографска идеја!“ Режисер на тој „филм“ ќе биде македонскиот народ!

(Авторот изнесува во оваа колумна согледувања од сопствена објективна политиколошка анализа, кои немаат никаква поврзаност со која било политичка партија во Република Македонија. Ставовите на авторот не се став на редакцијата на „Експрес“)

„Нова Македонија“

Најнови вести од: Колумни

Митрополитот Теодосиј Гологанов, деец за автокефалноста на МПЦ-ОА и борец против бугарско-грчките напади врз црковниот и национален идентитет на македонскиот народ

Денес, кога го прославуваме големиот православен христијански празник Божиќ – Рождеството Христово во манастирите и црквите на Македонската православна црква како наследничка на древните Охридска архиепископија и Јустинијана Прима, ова е соодветна пригода за повторно навраќање кон црковно-националните дејци, кои се вложија себеси и својата дејност за возобновувањето на автокефалноста на денешната Македонска православна црква – Охридска црква и на црковно-народните традиции на македонскиот народ. Еден од тие дејци е и митрополитот Скопски Теодосиј Гологанов, роден со световното име Васил Гологанов, токму на Божиќ, на 7 јануари 1846 година во селото Трлис во Серско, во Егејскиот дел на Македонија, денес во Грција. Наша дури и своевидна национална должност е да го чуваме Гологанов засекогаш во своето колективно национално паметење како народ, да ги чуваме личноста и дејноста на овој духовник, македонски национален деец, црковен писател и борец за обновување на Охридската архиепископија и за создавање самостојна македонска национална држава. Ова дотолку повеќе што дури и во „слободната светска енциклопедија“ Википедија на англиски јазик за него се напишани дрски и примитивни фалсификати дека, наводно, бил „бугарска религиозна фигура“ и оти „учествувал во борбата за автономна Бугарска црква“!

Хрон ја објави „Народноста на македонските Словени“ 135 години пред Тито „да ги створи македонскиот јазик и народ“, што е бугарски фалсификат!

Австрискиот лингвист и македонист од чешко потекло Карл Хрон ја објави својата научна студија со наслов „Народноста на македонските Словени“ („Dаѕ Volksthum der Slaven Makedoniens“) во 1890 година во Виена, во тогашното Астроунгарско царство, цели 135 години пред „Тито да ги измисли Македонците како народ“ и пред „да им го создаде со наредба новоизмислениот македонски јазик“, како што тврди официјална Софија во своите фалсификати, депонирани и во ЕУ. Карл Хрон во својата студија со несоборлива научна објективност ќе ги образложи и ќе ги докаже самобитноста  и развојот на македонскиот народ и македонскиот јазик. Студијата на Карл Хрон „Народноста на македонските Словени“е своевиден пишан споменик за етничката и јазична засебност на македонскиот народ и таа допрва ќе задобива уште поголема важност за него во борбата за конечно и вистинско решавање на македонското национално и јазично прашање.

Оставнината на Марко Цепенков „втора македонска Библија“ и автентично сведоштво за македонскиот идентитет и јазик, за животот на нашите предци

Марко Костов Цепенков (Прилеп, 7 ноември 1829, Ореовец, Прилепско – 29 декември 1920, Софија) е најголем и најзначаен собирач на македонски народни умотворби, кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, за лингвистиката, за националната историја, за правото и за моралот на Македонците. Денес се навршуваат 105 години од неговата смрт. Неговото дело е издадено во 10 томови и е повеќепати преобјавувано во Македонија. На научниот собир по повод 190-те години од раѓањето и 100-те години од смртта на Цепенков, кој го организираа Македонската академија на науки и уметности и Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ на 4.11.2020 година, проф.д-р Ермис Лафазановски, тогаш како директор на Институтот за фолклор, истакна: „Во денешната меѓународна политичка ситуација, во која се наоѓаме, собраните материјали на Марко Цепенков сведочат за нашиот македонски идентитет, јазик и култура. Неговата оставнина ние, Македонците, денес може да ја наречеме наша втора Библија. Како поинаку да се нарече неговото импозантно собирачко дело, во кое сме запишани сите ние, заедно со нашите предци и нашите идни поколенија? Во кое е запишано создавањето на нашиот свет и луѓето во него, нашите соништа.“

Ајде да им простиме на најдобрите меѓу нас – Пишува Драган Милосављевиќ

Мислам на писатели, актери, режисери, музичари, сликари, спортисти, научници чијшто успех не само дома туку и надвор е општо познат и признаен, но нивната репутација во ова општество е сериозно упропастена поради овие или оние причини

To top