Коментари

„Смедеревка“ медиуми, од Мрзенци

Не поминаа десетина дена откако повеќето домашни медиуми наседнаа на првоаприлската шега дека, наводно, француски производители на вино од некојси газда Ѓоко од Мрзенци купувале вино од сортата „Смедеревка“, на што на францускиот пазар го продавале по 100 пати повисока цена. Фантастична маржа од 10.000%! Никој не ја беше проверил веста што ја објави српскиот […]

Не поминаа десетина дена откако повеќето домашни медиуми наседнаа на првоаприлската шега дека, наводно, француски производители на вино од некојси газда Ѓоко од Мрзенци купувале вино од сортата „Смедеревка“, на што на францускиот пазар го продавале по 100 пати повисока цена. Фантастична маржа од 10.000%!

Никој не ја беше проверил веста што ја објави српскиот портал „Вино и Фино“ дали воопшто постои тој Ѓоко од Мрзенци, за да го искараат зошто дозволува, што би рекол претседателот Трамп, Французите да ја „соголуваат“ Македонија, слично како што се зборуваше дека во рамките на поранешната СФРЈ „паметните Словенци“ нè соголувале купувајќи евтино наше вино во цистерни, за подоцна да го продаваат по повеќекратно повисока цена во шишиња.

Или можеби помислиле дека портал чиешто име потсетува на „Храна и вино“ мора да ја зборува вистината.

Значи, по само десетина дена, повторно „самоубиство од заседа“! Цела дузина електронски портали, од кои некои имаат и печатени дневни изданија, објавија дека, ќе цитирам еден од нив: „Минималната плата во Македонија, која од март изнесува 24.379 денари или околу 396 евра, е за 155 евра пониска дури и од најниската минимална плата во Европската Унија – онаа во Бугарија, каде работниците добиваат 551 евро месечно.

Објавите се темелат на соопштение на Евростат, статистичка база на Европската Унија, за висината на минималната плата што се исплаќа во 22 од 27 земји членки на ЕУ од почетокот на 2025 година. Пет земји членки на ЕУ немаат со закон пропишана минимална плата.

Во спомнатото соопштение од само неколку страници убаво стои дека податоците се однесуваат на месечен износ на минимална БРУТО плата. Свесно или несвесно, а ова се повторува со години, при споредба на износот на минимална плата во нашата земја со други земји, износот на минимална плата во НЕТО износ се споредува со износот во БРУТО износ кај другите.

Се сеќавате дека пред неколку години истите овие медиуми се подбиваа со лапсусот на еден поранешен министер за финансии во владата на Република Македонија кој, иако статистичар по вокација, дури откако станал министер ја разбрал разликата бруто-нето, која, колку што се сеќавам, се однесуваше на прибраниот ДДВ во државната каса.

Сега е ред да појасниме за што станува збор. Прво, манипулацијата, како што реков, свесна или несвесна, сеедно, се користи за познатиот синдром „удирање од земја“ дека кај нас работите не чинат, а кај другите, особено кај соседите, тече мед и млеко.

Второ, постојано се потхранува наративот дека платите треба постојано да растат, без разлика на состојбата во економијата, продуктивноста и можностите на фирмите и на државниот буџет. Па безбели и новинарите се работници (медиумски) кои живеат од плата, па ако му се помогне на ССМ во борбата за повисоки плати, корист би имале и тие самите.

Почитувани новинари и уредници, сите сте ми драги, но подрага ми е вистината. Кога споредувате номинални износи, треба тие да бидат од иста категорија. Така, во случајов, износот на минималната плата во Македонија што се користи во јавноста треба да се спореди со нето износот во соседна Бугарија, кој во моментов е 427 евра, а не 551 евро (ова е износ со вклучен персонален данок и придонеси за социјално осигурување).

Произлегува дека минималната плата во Бугарија во моментов е за околу триесетина евра, или за 7,8% повисока во споредба со нашата минимална плата. Минатата година Бугарија се најде под притисок на ЕУ која со директива побара од земјите членки износот на минимална плата да го зголемат до ниво од 50% од просечната плата во односната земја.

Со најновото зголемување, износот на минималната плата во однос на просечната кај нас достигна 59% и како таков е меѓу највисоките соодноси во светот!

Понатаму, не е на одмет да се потсетиме дека Бугарија има за 50% повисок БДП по глава на жител од Македонија. Но, тоа не е сè! Евростат во соопштението за минималната плата во земјите членки укажува дека номиналните износи не се вистинско мерило за разликите во животниот стандард. Тие разлики се намалуваат доколку се води сметка за куповната моќ на парите, или она што ние економистите го нарекуваме „паритет на куповни сили“.

Ова се должи на фактот што нивото на цени во помалку развиените земји е пониско од тоа во развиените. На друго место имам спомнато, а тоа го тврдам и во оваа прилика, дека мерено според куповната моќ на парите, минималната плата во Македонија е повисока од таа во Бугарија, која во случајов ја користиме за споредба.

Целата коумна на Трајко Славески на следниот линк:

„Смедеревка“ медиуми, од Мрзенци

Најнови вести од: Коментари

„Инфошќип“: Масовните напуштања од АА и противења на излегувањето од Вреди и Владата се бидејќи Таравари погрешно раководи со АА!

„По повеќедневната напнатост и едноподруги заминувања од Алијансата за Албанците, конечно и Арбен Таравари, лидерот на оваа политичка партија изреагира преку општествената мрежа фејсбук. Паѓа в очи не само емотивниот тон во неговата објава преку фејсбук, туку и неговата неможност да изнесе подлабока политичка анализа на ситуацијата: наместо да го стори ова, тој одбра симболичен […]

Нетпрес: Излезот на Таравари од владата не влијае врз нејзината стабилност, туку ѝ ги зацврстува позициите, оти излезе можниот дестабилизатор!

„Излегувањето на Арбен Таравари од Владата нема апсолутно никако да се одрази од врз нејзината стабилност на Владата. Дури, уште повеќе, се чини дека би се зацврстила во позициите, откако од неа истапува можниот дестабилизирачки чинител!“ – оценува информативната агенција Нетпрес во својата анализа со наслов „Пребегот на Таравари не допира до стабилноста на Владата“. „Нетпрес“ пишува: […]

Четиринаесет години “Плусинфо”: Честитки колеги

Промовирање на демократијата, човековите права, либералната економија, мултиетничкиот карактер на земјата, евроатлантската ориентација и целосната посветеност на македонските стратешки национални интереси беа и остануваат основи на уредувачката политика на порталот „Плусинфо“ во овие 14 години по 365 дена и во десетици и десетици информации, анализи, коментари, интервјуа…биле задача и цел на екипата предводена од основачот […]

Премиере, не можеш да направиш омлет без да скршиш неколку јајца!

Ужасната трагедија во Кочани ги запре напорите на владејачката коалиција да спроведе кадровска реформа на клучните позиции во правосудството. Имав целосно разбирање за фактот дека во околности кога целата нација беше во жалост и гневна поради она што се случи во Кочани, промената на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, на пример, ќе беше разбрана како […]

Круме Кепески ја развиваше свеста на Македонецот за македонскиот идентитет и јазик, јазикот на Кирил и Методиј, на Климент и Наум

На 8 април 2025 година, по повод 116-тата годишнина од раѓањето на првиот современ македонски граматичар Круме Кепески (8 април 1909 во Прилеп, — 3 ноември 1988 во Скопје), во Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп беше претставена книгата „Необјавени страници за македонскиот јазик на Круме Кепески“, приредена од проф. д-р Јованка Кепеска, ќерка на Круме Кепески, како издание на „Македоника […]

To top