Македонија

13 кандидати се пријавиле за претседател на ДКСК, ќе се одлучува по локалните избори

Постапката по овој оглас ќе продолжи по завршувањето на локалните избори

Од македонското Собрание денеска информираат дека рокот за пријавување за претседател на Државната изборна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) заврши и оти се пријавиле вкупно 13 кандидати.

-Со оглед на тоа што постапката е прекината, прекината е и административната селекција. Имињата ќе бидат познати откако ќе заврши процесот на административна селекција на пријавените кандидати. Засега може да го потврдиме само вкупниот број на пријавите, велат од Собранието.

До 15 август, кога заврши рокот, десетина кандидатури биле пристигнати до Собранието за јавниот оглас за претседател на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК). Претседателот на Комисијата за прашања на избори и иманувања Ѓорѓија Сајкоски за МИА тогаш посочи дека конечната бројка би се знаела денеска откако ќе пристигнат и оние што се пратени по пошта. Нагласи дека постапката по овој оглас ќе продолжи по 3 ноември, односно по завршување на локалните избори.

Во средата на 13 август собраниската  Комисија за прашања на изборите и именувањата одржа седница на која ја формира Комисијата за селекција на кандидати за претседател на ДКСК.

Формираната Комисија за селекција на кандидатите е составена од седум членови – Илбер Руфати, заменик Народен правобранител, Дарко Аврамовски, претставник на здружение односно фондација назначен за член на Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор за областа демократија, владеење на правото, односно членот во Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанското општество во областа владеење на правото и борба против корупција, Бардил Јашари, претставник на здружението односно фондацијата назначен за член во Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор за областа медиуми и информатичко општество и пратениците Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ, Саранда Имери Стафаи од ВРЕДИ, Митко Трајчулески од СДСМ и Арбана Пашоли од Европскиот фронт.

Членовите на Комисијата за селекција се овластуваат да вршат обработка на личните податоци, при што се должни да обезбедат тајност и заштита на податоците согласно Законот за заштита на лични податоци, за што до Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе достават изјави.

Досега се пријавиле овие кандидати:

  1. Бранко Смилевски од Скопје, дипломиран економист, магистер на науки за антикорупција;
  2. М-р Благица Трошанска од Скопје, дипломиран правник и магистер на политички науки;
  3. Феузи Џафери од село Чајле-Гостивар, дипломиран правник со положен правосуден испит и магистер по дипломатија;
  4. Проф. д-р Кимо Чавдар од Скопје, дипломиран правник со положен правосуден испит и доктор на политички науки;
  5. Владимир Наумоски од Скопје, дипломиран правник со положен правосуден испит, магистер по деловно право;
  6. Весна Доревска од Скопје, дипломиран правник;
  7. Ненад Трифуновски од Тетово, дипломиран правник со положен правосуден испит
  8. Бранко В`чков од Скопје, дипломиран криминалист;
  9. Валентина Тодоровска од Скопје, дипломиран правник со положен правосуден испит;
  10. Антонио Санев од Скопје, дипломиран правник, магистер по меѓународно право;
  11. Зоран Наумов од Кавадарци, дипломиран економист;
  12. Костадин Кус Иванов од Скопје, дипломиран економист;
  13. Адем Чучуљ од Скопје, дипломиран правник.

Собранието на 1 август донесе Одлука за објавување на јавен оглас за избор на претседател на ДКСК откако сега веќе поранешната претседателка Татјана Димитровска поднесе оставка по обвинувањата на Обвинителството за гонење организиран криминал и обвиненијата за две кривични дела и тоа за оддавање службена тајна на поранешниот директор на ТЕЦ Неготино Небојша Стојановиќ, обвинет во „Адитив“, и за компјутерски фалсификат затоа што ревизор од ДЗР во нејзино име и го положил тестот за сертификат за државна тајна.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска се сретна со граѓаните од Кисела Вода

Приемните денови се организираат за време на викендот, односно во сабота, со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните и да им се олесни одвојувањето време надвор од нивните редовни работни обврски. Отворените денови за средби со граѓаните ќе продолжат да се реализираат со истата динамика и во наредниот период.

(Видео): Партиските притисоци од СДСМ и ДУИ разрешувале судии за еден ден, се одело по насока на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност.

Мицкоски јасен: Местото на Македонија е во Европа

Македонија е жртва на булинг од земји членки кои го условуваат евроинтегративниот процес, изјави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека земјата не се вреднува според напредокот, туку според политички услови.

(Фото): Панчевски за СЈО: Во светот можеш се да купиш и бут и врат и кременадла, образ никој не продава

Животот не е 4 години, не е ни 6, не е ни функција, ни власт, животот е долг и полн со искушенија од нечесни луѓе, лажомани и предавници, но полн е и со чесни, искрени и добронамерни кои го топлат срцето. Со овие зборови го почна последниот пост, поранешниот претседател на Кривичен суд, Владимир Панчевски, кој […]

To top