Македонија

15 уапсени оти возеле без возачка дозвола, со активна забрана или пијани

МВР

 Во текот на вчерашниот ден полициски службеници на целата територија на државата лишиле од слобода 15 возачи, од кои 10 за возење без возачка дозвола, тројца со забрана за управување возило од Б-категорија, еден под дејство на алкохол, а еден возач управувал возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Двајца возачи во Скопје и по еден возач во Пробиштип, општина Старо Нагоричане, Куманово, Радовиш, Гевгелија, Гостивар, Тетово и Битола управувале возило без возачка дозвола. По еден возач во Скопје, Велес и Гостивар управувале возило иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б-категорија, а едно лице во Штип управувало возило под дејство на алкохол. А едно лице во Кавадарци управувало возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол. Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави – посочуваат од МВР.

Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или се под дејство на алкохол.

Најнови вести од: Македонија

Повеќе инциденти во Скопје во последното деноноќие: Напад врз полицајци пред дискотека во Карпош

Нарушување на јавниот ред, напад врз полицајци, грабеж, физички напад со остар предмет и приведувања за дрога – повеќе инциденти се регистрирани во Скопје во изминатото деноноќие.

Мицкоски: Иднината на глобалниот развој на светот ќе ја дефинираат вештачката интелигенција и енергијата

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето пред млади лидери и претставници на Европските демократски студенти истакна дека иднината на глобалниот развој ќе биде дефинирана од вештачката интелигенција и од енергетскиот сектор.

Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори оваа година, целта е редовни избори (ВИДЕО)

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата нема намера да распишува предвремени парламентарни избори во текот на оваа година и дека останува посветена на редовниот изборен циклус во 2028 година.

To top