Македонија

210 „чинии љубов“ подготвени за кучињата во и околу прифатилиштето на ЈП „Лајка“

Под мотото „Збор на денот: заедница“, на 26 септември во дворот на ЈП „Лајка“ се одржа првиот настан „Чинија љубов“, кој обедини граѓани околу една заедничка цел – подготовка на готвени оброци за бездомните кучиња

Screenshot

Благодарение на заедничкиот труд, беа подготвени и поделени вкупно 210 оброци. Со полна чинија беше нахрането секое куче во прифатилиштето, како и кучињата кои се наоѓаат во неговата околина.

Ваквите настани се важни не само поради непосредната помош што ја обезбедуваат, туку и поради нивната улога во подигнувањето на јавната свест за благосостојбата на бездомните животни. Тие им овозможуваат на граѓаните непосредно да се запознаат со работата на прифатилиштето, со секојдневните потреби на кучињата и со начините на кои можат да помогнат.

Screenshot

Преку дружење, волонтирање и заедничко учество се развиваат емпатијата и чувството на лична одговорност, но се испраќаат и важни пораки за одговорното сопствеништво, стерилизацијата, вдомувањето и ненапуштањето на домашните миленици. Токму преку вакви средби се надминуваат предрасудите кон бездомните кучиња и се создава заедница која не го набљудува проблемот од страна, туку активно учествува во неговото решавање.

Screenshot

Специјална гостинка на настанот беше проф. д-р Наташа Ѓорговска, научен советник при Институтот за сточарство на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и авторка на книга посветена на деликатеси и готвени јадења за кучиња и мачки. Таа за настанот подготви посебни деликатеси, додека „Луна Пет Шоп“ ја поддржа иницијативата со донација на суплементи.

„Чинија љубов“ покажа дека кога луѓето ќе се обединат околу иста хумана цел, и малите индивидуални придонеси можат да создадат голема промена. Настанот не беше само ден во кој беа наполнети 210 чинии, туку и ден во кој се создаваше поголема и посвесна заедница околу бездомните животни.

ЈП „Лајка“ изразува благодарност до сите граѓани, поддржувачи и донатори кои беа дел од настанот и придонесоа ниту едно куче да не остане без полна чинија.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top