Македонија

„30 години на европскиот пат: Односите Македонија-ЕУ и патот напред“

Се одбележат две значајни пресвртници во односите меѓу нашата држава и Европската Унија: 30 години од воспоставувањето дипломатски односи и 25 години од потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација

Дипломатскиот клуб – Скопје и Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска организираат конференција „30 години на европскиот пат: Односите Северна Македонија-ЕУ и патот напред“, објави МИА

Конференцијата, што ќе се одржи на Правниот факултет, има за цел да се одбележат две значајни пресвртници во односите меѓу нашата држава и Европската Унија: 30 години од воспоставувањето дипломатски односи и 25 години од потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Овие настани, како што нагласуваат организаторите, ја дефинираа траекторијата, суштината и отпорноста на нашето партнерство и го отворија патот на процесот на европска интеграција на земјава.

Обраќања на конференцијата ќе имаат министерот за европски прашања Беким Сали и амбасадорот на ЕУ Михалис Рокас, по што ќе следат два тематски панели за геополитичкиот контекст на проширувањето, улогата на младите и можностите за повторно активирање на европскиот пат, како и за владеењето на правото и економската конвергенција како неопходни темели за кредибилен и заслужен процес на пристапување.

„Конференцијата доаѓа во критичен момент за иднината на проширувањето на ЕУ и дава навремена можност не само да се размисли за постигнатиот напредок, туку и да се потврди стратешката посветеност на европската интеграција. Во контекст на еволуирачката геополитичка динамика и обновените дебати за улогата и кредибилитетот на Европската Унија, настанот има за цел да обезбеди платформа за суштински и напреден дијалог меѓу високи креатори на политики, дипломати, академски лидери и претставници на деловната заедница и младите“, посочуваат организаторите.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски во Берлин на собир на ,,Коалицијата на волните”

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска во Берлин учествуваше на состанокот на Коалицијата на волните посветен на актуелната состојба во Украина и напорите за постигнување мир

АмЧам: Реформите, иновациите и меѓународните стандарди предуслов за подобра здравствена заштита

Американската стопанска комора во Македонија е акредитиран член на Стопанската комора на Соединетите Американски Држави и на мрежата на Американски стопански комори во Европа, организација која претставува 49 Американски стопански комори од 47 земји во Европа и Евроазија.

Велјановски до опозицијата: Не може да се заборави како ја пљачкавте државата

На денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет каде се дискутираше Предлог-Буџетот за 2027 година, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски, кажа дека и покрај долговите наследени од претходната влада, предводена од СДС, кои се тежок товар за државата, оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со силни инвестиции, со работа на фискална консолидација, но и со зајакнување на здравствената и социјалната заштита на граѓаните.

Ристески: Клучен приоритет на Владата е да ги задржи младите во Македонија

Законот за сезонски работници што е во сила од 1 јануари 2026 година, сѐ уште не ги дава очекуваните резултати, но ова не е закон направен за една година. Затоа организираме информативни средби и настани со помош на медиумите, стопанските комори, работодавачите и синдикатите – за да ги анимираме луѓето дека пензионери, студенти, оние кои сакаат дополнително да работат и сите категории невработени лица можат да го искористат, без притоа да го изгубат стекнатиот статус, да имаат комплетно пензиско и здравствено осигурување, фер ангажман, платен работен час колку што се ангажирани дополнително и со тоа да остварат дополнителни приходи – рече денеска заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

To top