Македонија

30 години Семос едукација

Едукација

Семос едукација под мотото „Знаење што менува“ прослави 30 години од основањето. Прославата почна со претставување на новиот бренд идентитет на Семос едукација – симбол на континуираната трансформација и прилагодување кон современите трендови во образованието и технологијата. Генералната директорка Валентина Тасева ја истакна улогата на компанијата во градење дигитални вештини, кариери и бизниси низ изминатите три децении.

На настанот присуствуваа претставници на меѓународните партнери. Патрик Керстен (Patrick Kersten), претседател на бордот на LLPA (Leading Learning Partners Association), кој ја нагласи важноста на Семос едукација во глобалниот еко систем.

За време на роденденот беа доделени и специјални признанија на компании за континуирана инвестиција во ИКТ едукација, партнерство за трансформација на вештини, иновации во сертификација и општествен импакт. Награда за партнерство со трајни вредности беше доделена на Стопанска банка АД – Скопје, три меѓународни награди за развој на дигитални вештини беа доделени на Асеко Белград, А1 Србија и Рајфајзен банка Албанија. Глобална награда за стратешко партнерство доби Glasspaper од Норвешка. Партнери во AI едукација 2024/2025 за најиновативна примена на AI технологии и трансформација на деловни процеси на Support and Solutions и Македонски телеком. Награди за најголемо инвестирање во ИТ едукација 2024/2025 беа доделени на Халк Банка, Аптив и Алкалоид. И награда за извонреден општествен придонес на Агенција за вработување на Македонија.

„Три децении сме доказ дека знаењето навистина менува – луѓе, кариери и цела заедница. Гордa сум што заедно со нашите партнери и студенти ја пишуваме оваа приказна,“ изјави Валентина Тасева, генерална директорка на Семос едукација.

Најнови вести од: Македонија

Зошто во Македонија не може да се забрани користење на социјалните мрежи за малолетници до 15 години?!

Не бегаме од тоа да се менува законот за да имаме ваква можност, но опасноста е многу голема кога државата ќе реши да забранува одредени алатки за определена група луѓе. Тоа треба да го чуваме како последна мерка во можностите, а прва мерка се превенција и родителска контрола, велат од Владата.

Граѓаните со душа чекаат нормален паркинг на Клиника, оти со саати кружат барајќи место

Нема повеќе никакви пречки да се градат катни гаражи во кругот на клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Владата, на последната седница, донесе одлука за решавање на проблемот со паркирањето во Клиничкиот центар. Според Владата, со оваа одлука се создава правна основа за потпишување договор меѓу Министерството за здравство и Градот Скопје.

Трендафилов се претставува како жртва, а зема плата од скоро 1.000 евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Од пратеничката група сметаат дека Слободан Трендафилов ќе остане запаметен како „синдикалец“ кој нема склопено ниту еден договор корисен за македонскиот работник во текот на целиот негов мандат. Сметаат дека нападот врз Стојаноска е само доказ за немоќта на еден функционер кој го изгубил компасот и велат дека Трендафилов треба веднаш да си поднесе оставка и наместо да глуми жртва по медиуми, да подготви одбрана пред истражните органи за своето расипништво.

To top