Македонија

Нечовечко однесување во Аеродром, МВР и ЈО истражуваат

Детето избегало до својот родител кој бил во близина, и случајот веднаш бил пријавен во полиција и во Јавното обвинителство

Во угостителски објект во скопската населба Аеродром, каде има и игротека, се случил сериозен инцидент при што 10-годишно дете пријавило несоодветно однесување од страна на вработен келнер.

Детето кое било во игротеката внатре во угостителскиот објект, отишло само до шанкот да побара вода, при што келнерот започнал комуникација со него. Разговорот, според информациите на А1он, прераснал во вознемирувачка ситуација, при што вработениот наводно го гушнал детето и му упатил недолични барања од сексуална природа. Прво барал детето да го покаже половиот орган, а потоа предложил да одат до тоалетот заедно и тој да му го покаже.

Детето избегало до својот родител кој бил во близина, и случајот веднаш бил пријавен во полиција и во Јавното обвинителство. Родителот наведува дека детето го препознало лицето кое имало комуникација со него, по што биле прегледани и снимките од безбедносните камери, на кои, според нивните тврдења, се гледа физички контакт.

Осомничениот, како што тврди родителот за А1он, признал дека комуникацијата била „на шега“, но ваквото објаснување не ја намалува сериозноста на наводите. По настанот, детето било однесено на разговор со психолог, каде покажало знаци на вознемиреност и траума.

Родителите посочуваат дека во објектот често престојуваат деца поради што има игротека, и апелираат до јавноста за зголемена внимателност и надзор. Тие исто така бараат институциите целосно да го расчистат случајот и соодветно да постапат.

Од Министерството за внатрешни работи засега нема официјални детали за случајот.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top