Македонија

87 проценти од населението во Македонија има сопствен дом

87% од Македонците живеат во сопствен дом – во ЕУ една третина од населението е „под кирија“

Повеќе од две третини од луѓето што живеат во домаќинствата на ЕУ поседуваат свој дом наспроти 32 % што живеат во изнајмени станови. Во Македонија речиси 87 % живеат во свој дом, а 12,9 % под кирија, покажуваат податоците на Евростат.

Според последните достапни податоци на Евростат, во 2024 година повеќе од две третини (68 %) од населението што живее во домаќинствата на ЕУ поседувало свој дом, што е малку помалку од 69 % во 2023 година. Преостанатите 32 % живееле во изнајмени станови, што е зголемување од 31 % во претходната година.

Највисок удел на сопственост на ниво на ЕУ е забележан во Романија (94 %) по што следуваат Словачка (93 %) и Унгарија (92 %).

Поседувањето дом е почесто во сите земји од ЕУ, освен во Германија, каде што преовладува изнајмувањето, при што 53 % од населението се закупци. По Германија, следуваат Австрија (46 %) и Данска (39 %).

За Македонија и за земјите од регионот последните достапни податоци на Евростат се за 2023 година, така што повеќето од луѓето живеат во сопствен дом: во Албанија – 95,5 %, потоа следуваат Хрватска – 91,2 %, Србија – 89,9 %, Македонија – 87,1 %, Бугарија – 86,1 % и Грција – 69,6 %.

Под кирија најголем дел од населението во 2023 во регионот живеел во Грција – 30,4 %, потоа следуваат Бугарија – 13,9 %, Македонија – 12,9 %, Србија – 10,1 %, Хрватска – 8,8 % и Албанија – 4,5 %.

Најнови вести од: Македонија

Денеска во Косово ќе се официјализира Вреди како единствена партија – Ќе има два претседатела, Изет Меџити и Билал Касами

„Денеска во местото Преказ, во Косово, во домот на семејството Јашари, се очекува официјалното ракување на лидерите на коалицијата Вреди, што ќе и даде живот како една единствена партија. Концептот на Вреди како коалиција првично беше воспоставен кога влезе во политичката трка за парламентарните избори во Македонија во 2024 година.“ – објавија ТВ Алсат и информативната агенција Илирија-ИНА.

Менкиноски: Со скандалозна одлука Софија ми забранува 10-годишен влез, во обид да ме замолчи како правен застапник на Македонците во Бугарија пред ЕСЧП!

„Адвокатот Тони Менкиноски ќе одржи денес, на 7 март 2026 година, прес-конференција во врска со скандалозната одлука на официјална Софија за 10-годишна забрана за негов влез во Бугарија. Прес-конференцијата ќе се одржи во неговата адвокатска канцеларија во Скопје со почеток во  11 часот и 30 минути.“ – објави утринава Македонската информативна агенција – МИА.

Промовирано македонското издание на книгата „60 икони на Мајката Божја“

Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, пред повеќе од 200 гости беше промовирано македонското издание на книгата „60 икони на Мајката Божја“ од француската авторка Аријан де Сен-Марк

Црквата „Св. Атанасиј Велики” под планината Кожуф ќе биде прогласена за споменик на културата

Црквата „Св. Атанасиј Велики“ од 19 век, сместена на падините на Кожуф во гевгелиското село Габрово, ќе биде прогласена за споменик на културата. Одлуката беше донесена на последната седница на Советот на Општина Гевгелија, со што започнува постапката за нејзина заштита и реставрација

Најнови вести

To top