Македонија

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е историски настан за регионот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на почетокот на реконструкцијата, надградбата и проширувањето на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, оценувајќи го настанот како историски за Охрид, охридското крајбрежје и околните општини.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на почетокот на реконструкцијата, надградбата и проширувањето на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, оценувајќи го настанот како историски за Охрид, охридското крајбрежје и околните општини.

„Ми претставува особено задоволство што можам да присуствувам на еден историски настан и за Охрид и за охридското крајбрежје и за останатите општини кои тука гравитираат. Со оваа реконструкција на аеродромот се зголемува самиот капацитет и квалитет, и се надевам дека ќе биде завршено во предвидениот рок“, рече Мицкоски.

Премиерот истакна дека во првите два месеци од годинава скопскиот аеродром бележи зголемување на патници од 30 отсто, а охридскиот околу 20 отсто. Според очекувањата на директорот на ТАВ Македонија, оваа година на двата аеродрома се очекува двоцифрен раст.

Мицкоски најави дека Владата активно преговара со голем број тур-оператори за организирано носење туристи на охридското крајбрежје.

„Со еден веќе сме во завршна фаза на преговори и се надеваме дека наскоро ќе потпишеме договор. Станува збор за туроператор кој надвор од сезоната (иако се трудиме сезоната да биде 365 дена) би донел вкупно околу половина милион ноќевања“, додаде тој.

Според анализите врз основа на досегашната соработка, гостите што ги носи овој туроператор дневно трошат просечно околу 170 евра, вклучително со сместување и останати трошоци.

„Тоа значи дека надвор од сезоната само во туризмот и угостителството на охридското крајбрежје ќе имаме отприлика околу 85 милиони евра додадена вредност за економијата на овој регион. Ова е истовремено можност за хотелиерите и угостителите да го задржат персоналот и вработените и во периодот надвор од летната туристичка сезона“, рече Мицкоски.

Премиерот потенцира дека станува збор за секојдневно околу 2.000 гости надвор од сезоната и додаде дека треба заеднички да се работи со сопствениците на сместувачките капацитети за да се зголеми таа бројка.

„Сега треба да поработиме заедно со сопствениците на сместувачките капацитети да може да се зголемат за таа бројка да не се дуплира во одредена мерка, па да имаме 4.000 гости коишто ќе дојдат од Скандинавија, Обединетото Кралство, Германија, Франција и други земји, и да поминуваат дел од своето време надвор од летната туристичка сезона“, заклучи премиерот Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

To top