Македонија

Демократијата не е процес кој завршува, таа се гради секој ден – Мицкоски на настан на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Особено ја ценам улогата на Унијата на жени, на сите наши сопартијки, мајки, сестри и активни членки

Денеска на панел-дискусијата „Повеќе учество – Повеќе демократија“, организирана од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, разговаравме за вредностите кои ја градат нашата држава, демократијата, слободата и независноста на Македонија, објави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски.

,,ВМРО-ДПМНЕ и идејата за независна, демократска и суверена Македонија се нераскинливо поврзани уште од времето пред осамостојувањето. Денес, 35 години по независноста, имаме обврска да го чуваме тоа наследство, но и постојано да ја унапредуваме демократијата преку отворен дијалог, почитување на различните мислења и силно учество на граѓаните.

Демократијата не е процес кој завршува, таа се гради секој ден. Единството во ВМРО-ДПМНЕ го градиме преку демократски процеси, разговор и заедничко носење одлуки. Особено ја ценам улогата на Унијата на жени, на сите наши сопартијки, мајки, сестри и активни членки кои со својата посветеност даваат огромен придонес во креирањето на политиките и во јакнењето на демократскиот капацитет на партијата и на Македонија”, порача Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Конспиративни теории за абортусот во судирот меѓу Јас сум жена и Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација која во јавноста се смета за блиска на екс министерка за труд и социјала во владата на Зоран Заев, шпекулира во јавноста со Теории на заговор

(Фото): Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка – Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски е во работна посета на Црна Гора, каде денеска оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на политичките и економски односи, регионалниот развој и евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан. Од средбата беше испратена јасна порака дека Македонија и Црна […]

To top