Македонија

Австриски компании добредојдени во новиот инвестициски циклус во македонската енергетика, вели Божиновска

Македонско-австрискиот бизнис-форум е организиран од Стопанската комора на Македонија и Трговското одделение при Австриската амбасада – Advantage Austria, со цел продлабочување на билатералната економска соработка и поврзување на австриски компании со македонските институции и бизнис-секторот.

Гасификација, интерконектори, батериски системи, обновливи извори, енергетска ефикасност и модернизација на мрежата меѓу приоритетите – отворен простор за австриските технологии и инвестиции. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска се обрати на Македонско-австрискиот бизнис-форум за патна и енергетска инфраструктура, што се одржа во Стопанската комора на Македонија, во организација на Стопанската комора и Трговското одделение при Австриската амбасада – Advantage Austria.

Пред претставници на австриски компании, македонскиот бизнис-сектор и институциите, министерката ги претстави стратешките приоритети на државата во енергетиката, тековните и планираните проекти, како и конкретните можности за учество на меѓународни компании во трансформацијата на енергетскиот систем.

  • „Нашата цел не е само да имаме повеќе производство од обновливи извори. Нашата цел е да изградиме модерен енергетски систем кој може сигурно да ја прими, складира, пренесе и искористи таа енергија. За тоа ни се потребни инвестиции, технологии, инженерско знаење и силни меѓународни партнери“, истакна Божиновска.
Во своето обраќање таа посочи дека Македонија влегува во нов инвестициски циклус во енергетиката, во кој паралелно се развиваат производните капацитети, складирањето, преносната инфраструктура, регионалните интерконекции и пазарното поврзување. Дополнително, Министерството е транспарентно и сите проекти што се во рамки на процесот за праведна транзиција се јавно објавени на посебен сајт и секоја компанија може да погледне за што станува збор, посочи министерката.

Модернизацијата и проширувањето на енергетската инфраструктура се клучен столб на новиот инвестициски циклус. Посебно место во приоритетите има складирањето на енергија, како клучна инфраструктура за систем со сè поголем удел на сончева и ветерна енергија.

Министерката ги посочи инвестициите во преносната мрежа, дигитализацијата, зголемувањето на капацитетите за приклучување и регионалните интерконекции, паралелно, земјата продолжува со гасификацијата и развојот на регионалната гасна инфраструктура.

  • „Македонија работи на тоа да бидеме дел од европската енергетска инфраструктура“, порача Божиновска, посочувајќи ја важноста на интерконекторот со Грција, пристапот до нови извори и правци на снабдување, како и поврзувањето со Србија.
Приклучувањето кон Вертикалниот гасен коридор отвора дополнителен простор за регионална интеграција и диверзификација на снабдувањето, а со тоа и нови можности за компании што располагаат со технологија, инженерски капацитети и експертиза во гасната инфраструктура. Во фокусот на Министерството е и енергетската ефикасност, преку инвестиции во енергетска обнова на јавни објекти, како и развојот на електромобилноста, инфраструктурата за полнење и паметните енергетски решенија. Министерката Божиновска нагласи дека интересот за австриските компании не е случаен, туку се темели на долгогодишна и успешна економска и деловна соработка меѓу двете земји. Австриските компании располагаат со значајно искуство и технологии во области што се директно поврзани со македонските енергетски приоритети – хидроенергетика, енергетска ефикасност, електромобилност, дигитализација, инженеринг, инфраструктура.
  • „Австрија има компании, технологии и искуство што нам ни се потребни. Ние имаме пазар што се трансформира, конкретни проекти и значаен инвестициски потенцијал. Верувам дека комбинацијата на овие две нешта може да создаде нови партнерства“, истакна Божиновска.
Божиновска посочи дека со новиот Закон за енергетика е воведено системско планирање на новите енергетски објекти преку годишни планови, со што инвеститорите добиваат поголема предвидливост, а државата може навреме да ја планира потребната мрежа, складирањето и останатата инфраструктура.
  • „За нас предвидливоста е една од најважните форми на сигурност за инвеститорите. Инвеститорот треба да знае кои се правилата, кои се условите, какви се инфраструктурните можности и како се движи постапката“, нагласи министерката.

Таа посочи дека Министерството продолжува со усогласување на законодавството со европската регулатива и со интеграција на македонскиот енергетски пазар со европскиот. Бизнис-форумот во Скопје доаѓа во континуитет со официјалната посета на Австрија во април годинава, кога владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, во која беше и министерката Божиновска, разговараше со највисоките австриски институции и со претставници на деловната заедница.

Во Виена во фокусот беа економската соработка, енергетската сигурност и зајакнувањето на енергетската поврзаност, а беше отворен и простор за продлабочување на економските односи меѓу двете земји Денешната бизнис-мисија претставува продолжение на тој процес – од политички и економски разговори кон директно поврзување на компаниите Во рамки на бизнис-мисијата во Скопје престојуваат австриски компании кои имаат интерес за конкретни можности на македонскиот пазар.

Македонско-австрискиот бизнис-форум е организиран од Стопанската комора на Македонија и Трговското одделение при Австриската амбасада – Advantage Austria, со цел продлабочување на билатералната економска соработка и поврзување на австриски компании со македонските институции и бизнис-секторот.

Најнови вести од: Македонија

Мелбурн ѝ се извини на македонската заедница за забраната на сонцето од Кутлеш

Градските власти на Мелбурн ја признаа грешката по независна анализа на одлуката со која македонските учесници беа спречени да го носат знамето на фестивалот Мумба. Во март годинава градот Мелбурн им наложил на македонските учесници на овој фестивал да го користат само државното знаме на Македонија.

Студентите се враќаат во „Кузман Јосифовски – Питу“, домот се отвора за еден месец

Владата и студентските претставници разговараат за промена на досегашниот начин на субвенционирање. Предложениот модел предвидува зголемување на месечната поддршка од досегашните 3.500 на 4.500 денари, воведување посебна дигитална услуга преку платформата „М-услуги“, како и дополнителни попусти при купување храна во вклучените угостителски и трговски објекти.

Македонија планира инвестиции од пет до шест милијарди евра во патишта и во железници

На форумот се разговараше и за примената на вештачката интелигенција и современите технологии. Николоски посочи дека со измените на Законот за јавните набавки се предвидува воведување дигитални алатки и решенија базирани на вештачка интелигенција за автоматизирано следење на постапките и откривање неправилности и ризици.

Силјановска-Давкова: Ние сме рекордери во промената на Уставот, за три децении 36 пати!

Уставот е закон над законите и најважниот општествен договор – истакна денеска претседателката Гордана Силјановска-Давкова на отворањето на научната конференција по повод 35-годишнината од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав на Република Македонија. Конференцијата е во организација на Собранието, ЈНУ Институт за национална историја и Државниот архив.

Христовски: Мала е опасноста од терористички активности во Македонија

„Мала е опасноста од од терористички активности во Република Македонија, каква што е подолго време наназад, и покрај глобалните трендови на зголемување.“ – изјави денеска директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски, откако беше запрашан за состојбата во Македонија, поврзано со повикот на американската амбасада во Бугарија до своите граѓани за внимателност во Бугарија.

„Рамковниот“ и „преспанскиот инженеринг“ на Уставот од 17 ноември 1991 со 36-те амандмани за 35 години целосно ја урнисаа македонската „уставна приказна“ (4)

Првиот устав на независна Македонија од 17 ноември 1991 година е од редот на така наречените „национални устави“. Во најголемиот број негови суштински елементи тој беше на исто ниво и содржински и во поглед на содржаните принципи како и 165 од вкупно 189 национални устави во светот. Во изминатите 35 години до денес извршени се осум пати дури 36 амандмански  интервенции во уставот, од што двапати во преамбулата, во 2001 и 2019 година:  никаде во ниеден устав на ниедна држава во светот не се вршени упаѓања во преамбула со амандмани. Ова што се случувало со македонскиот устав од 1991 година. по барање на Грција во 1992 година, потоа „рамковниот инженеринг“ во 2001 година и бришењето на националниот, асномски карактер на Македонија како држава, па „преспанскиот инженеринг“ и бришењето дури и името Македонија на државата со амандмани во преамбула, сето тоа доволно јасно говори каков е сегашниот устав. Тој е сега идентитетски обезличен, со избришана државотворност на македонскиот народ и на неговите врски со матичната држава, за која војувал, со присилно „ампутирани“ врски и со Македонците во соседните држави како тамошни малцинства.

АНБ: Криминални структури подготвувале атентат во соседна земја

Станува збор за лица етаблирани во криминални структури во земјава кои по директни насоки на иранскиот државјанин преземаат подготвителни логистички активности за извршување на терористички акт, атентат врз претходно дефинирано лице, во Грција

To top