Македонија

Владата усвои измени на Буџетот по намалените давачки за горива

Измените се прават поради фискалниот ефект од намалените акциза и ДДВ за горивата. Владата соопшти дека буџетскиот дефицит останува на непроменето ниво.

Владата кажа дека го усвоила Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година, со кој приходите и расходите се приспособуваат по мерките за намалување на акцизата и ДДВ-то за горивата. Со измените вкупните приходи се проектираат на 374,2 милијарди денари, а расходите на 420,5 милијарди денари. Разликата меѓу проектираните приходи и расходи изнесува 46,3 милијарди денари.

Од Владата нагласуваат дека буџетскиот дефицит, сепак, се задржува на непроменето ниво.

  • „Со предложените измени се врши приспособување на приходната и расходната страна на Буџетот, како резултат на фискалното влијание од мерките што ги презеде Владата за поддршка на граѓаните и бизнисот, преку намалувањето на акцизата и ДДВ-то кај горивата“, соопшти Владата.

Оттаму велат дека измените треба да овозможат одржување на стабилноста на јавните финансии.

  • „Целта на предложените измени е да се одржи стабилноста на јавните финансии, да се обезбеди непречено и редовно функционирање на институциите“, се наведува во соопштението.

Предвидено е и продолжување на реализацијата на владините програми и навремено сервисирање на обврските. Предлогот сега оди во Собранието, каде што треба да биде разгледан и усвоен.

Најнови вести од: Македонија

Милошоски: Филипче зборува за Србија, за да не се зборува за состојбите во СДСМ

Претседателот на СДСМ ја пренасочува политичката дебата кон Србија за да ги избегне прашањата за состојбите во сопствената партија, неговиот личен рејтинг и слабата внатрепартиска кохезија

To top