Македонија

А нам сѐ уште твојата светлина ни сјае, музичар на роденденот на Тоше Проески

Жив сведок на создавањето на легенда, човек кој беше предодреден од Бога да биде посебен

Марко Виденовиќ, кој покрај настапите на виола во Македонската филхармонија, е популарен и како поет, преку својот профил на „Фејсбук“ на денот на неговиот роденден потсети на неговите лични контакти со легендата но и на универзалната вредност на Тоше Проески.

 

Целиот статус на Марко Виденовиќ за Тоше Проески:

 

Имав среќа и благослов да учам со него четири години во средното музичко училиште во Битола, и уште четири години на факултетот за музичка уметност во Скопје. Имав среќа и да настапам со него, и тоа на негово инсистирање, на Скопскиот фестивал во 1998 година, иако да бидам искрен не му бев соодветен избор за пратечки вокал познавајќи ги неговите вонземско гласовни способности, но неговата емпатија и скромност ме избра мене и уште двајца негови другари. Бев жив сведок на создавањето на легенда, човек кој беше предодреден од Бога да биде посебен. По завршувањето на факултетот соработувавме за првиот концерт на градскиот стадион во Скопје и концертот во Ријека каде настапи со симфониски оркестар за кој бев и во организационата екипа, но и дел од оркестарот. Кој знае што ќе беше ако сѐ уште беше тука помеѓу нас, можеби ќе отпееше песна со мој текст, но најважно ќе беше да беше здрав и жив, но ете Господ имал други планови за него, да остане вечен.

Ќе остане незаборавен и единствен,

Тодор – Тоше Проески.

 

На некои да им дадеш и безброј животи,

да запалат безброј огнови, бадијала ќе е,

пак светлина не ќе успеат да создадат,

вечно ќе мрачат и ќе темнеат.

А ти, ти тивко дојде,

само со еден живот во ракавот,

блесна за навек, создаде вечност

и брзо одлета.

А нам сѐ уште твојата светлина ни сјае,

не гали и топли,

и ни чиниш да живееме со надеж

до следната наша средба.

 

За Тоше

 

#зборовиМаркоВиденовиќ

#zboroviMarkoVidenovic

Најнови вести од: Македонија

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Најнови вести

To top