Македонија

АА на Села се раздели од НАИ и Али Ахмети, но ќе дејствува во опозиција „за албанската кауза“

Во својата вест „Зијадин Села ги раздели патиштата од Али Ахмети и Националната алијанса за интеграција“ информативниот портал „Тетова сот“ објави: „Алијансата за Албанците на Зијадин Села, исто така, соопшти дека ‘останува силен опозициски глас на Албанците“ и оти ќе одржува комуникација со албанските опозициски субјекти.“

„Крилото на Зијадин Села во Алијансата за Албанците одржа состанок на претседателството, на кој беше донесена одлука за самостојно дејствување. Најавено е најавено дека ќе покренат постапка во Собранието да дејствува независно нивната пратеничка група.“ – објави ТВ 21 во својата информација „АА на Села се раздели од Националната алијанса за интеграција (НАИ): Ќе дејствуваме самостојно“.

Натаму, телевизијата пишува: Соопштувајќи го ова АА на Села, посочи дека дека оваа одлука е донесена по расправата за моментната политичка состојба, за одржувањето и исходот од локалните избори, како и за нивните натамошни чекори како политички субјект. „По суштински и многу важни дискусии, членовите на Претседателството едногласно донесоа одлука за самостојно дејствување на Алијансата за Албанците, Во наредните денови пратениците на АА ќе поднесат барање во Собранието да дејствуваат како независна група.“ – се наведува во соопштението. Сепак, тие додаваат дека ќе останат во опозиција.

Во својата информација „Зијадин Села ги раздели патиштата од Али Ахмети и Националната алијанса за интеграција“ информативниот портал „Тетова сот“ објави: Алијансата за Албанците на Зијадин Села, исто така, истакнува наведува дека  „сегашните партнери на коалицијата се известени за овој чекор“.

АА на Села изјавува дека албанската национална кауза, рамноправноста на Албанците во државата и во Уставот, како и справувањето со штетите, според нив, „предизвикани од сегашната Влада“, „остануваат главни приоритети на политичкото дејствување“. „Во овој контекст структурите на AА на Села ќе започнат средби со членови, граѓани, организации и политички актери, заради зајакнување на редовите и подготовка за идните политички битки.“ – објави „Тетова сот“.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top