Македонија

Мухамеди: Албанија ги отфрла Албанците од Македонија

Реакција по забраната за влез на двајца пратеници

Адвокатот Умејр Мухамеди остро реагираше на информациите дека на двајца пратеници од македонското Собрание од албанска етничка припадност им бил забранет влез во Албанија, оценувајќи дека случајот ја потврдува неговата досегашна позиција.

Во објава на социјалните мрежи, Мухамеди тврди дека Албанија не гледа никаква поврзаност со Албанците кои живеат во Македонија и упати остри критики кон оние кои, според него, ја омаловажуваат македонската држава.

„Вчера на двајца пратеници од Македонија по етничка припадност Албанци им беше забранет влез во Албанија. Полека сите ќе дојдат на моето: Дека Албанија е спремна дури на сите Албанци од Македонија да им стави забрана бидејќи не сметаат дека имаат било каква поврзаност со Албанците од Македонија. Епа пак плукајте по Македонија… Пак плукајте по знамето, химната, Македонците, пак да си носите знамиња на Албанија итн., итн. Имајте убав ден!“, напиша Мухамеди.

Реакцијата на адвокатот следува по изјавата на пратеникот Беким Ќоку, кој претходно соопшти дека нему, на уште еден пратеник и на заменик-генералниот секретар на Владата им бил забранет влез во Албанија. Како што наведе Ќоку, до денес не добиле официјално образложение од албанските власти за причините зад оваа одлука.

Случајот предизвика значително внимание во јавноста и отвори нови прашања за односите меѓу Албанија и Албанците од Северна Македонија.

Засега од официјалните институции во Албанија и во Северна Македонија нема официјални реакции на најновите случувања.

Албанија ставила на црна листа 60 граѓани на Македонија

Најнови вести од: Македонија

Музички настапи ја одбележаа првата вечер од 17-то „Карпошово културно лето“

Во рамки на првиот ден од 17. издание на традиционалната манифестација „Карпошово културно лето“, синоќа се одржа музичка програма која привлече бројна публика. Публиката имаше можност да ужива во концертот на Делфина, како и во настапите на Александар Тарабунов – Тара и групата Нокаут, кои со своите изведби приредија вечер исполнета со музика, позитивна енергија […]

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола e со одлична динамика, рече министерот за транспорт

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика и првите километри се очекува да бидат пуштени следната година, информира потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

(Видео): За две години пензиите се зголемени за 325%, рече премиерот

Растот на пензиите за две и пол години мандат на оваа Влада е за 325% поголем од растот за седумте години власт на СДСМ и ДУИ. Со бројки и факти, премиерот вели дека одговара на обвинувањата на опозицијата дека граѓаните изгубиле со линеарното покачување и дека заштедите за идните пензионети биле загрозени.

На годинашниов 39-ти Охридски пливачки маратон утре ќе настапат 16 пливачи на патеката, долга 25 километри

Со почеток во 11 часот од Свети Наум утре во водите на Охридското Езеро ќе се одржи 39-то издание на Охридскиот пливачки маратон. 16-те пливачи ќе пливаат на патеката „Климе Савин“. Патеката е долга 25 километри, со старт од Свети Наум, а целта е на Кеј Македонија.

Ангелов: Во Македонија има 15 пожари, од кои 4 се големи – Проблем во гаснењето е непристапниот терен

На територијата на Македонија се активни повеќе од 15 пожари на отворен простор, од кои четири се големи пожари, Четирите големи пожари се на подрачјата на општините Прилеп и Битола, Македонски Брод, Студеничани и Липково, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

По повеќемесечно чекање од денес повторно работи единствениот ПЕТ/КТ скенер – Се разгледува можноста за набавка на втора ПЕТ камера

По повеќемесечниот застој единствениот ПЕТ/КТ скенер во Македонија повторно започна со работа, со што конечно се отвора можност за прегледи на пациентите, кои долго време чекаат. Од денеска се вршат снимања. Според министерот за здравство Сашо Клековски, за првиот ден се закажани девет пациенти.

To top