Македонија

Аеродром и Ново Лисиче на удар на канцерогени честички во воздухот

Експертите од ЕУ и СЗО препорачуваат граѓаните да останат во затворени простории, да користат прочистувачи на воздух, или ако е неопходно да се движат надвор, да носат NK95/KN95 маски.

Воздухот во главниот град загаден. Вечерва мерните станици за квалитет на воздухот во Скопје покажуваат алармантни нивоа на PM 2.5 и PM 10 честички во скопските насебо Аеродром и Ново Лисиче. Токму во овие населби, веќе неколку денови граѓаните протестираат токму поради загаденоста на воздухот, за кој како што велат, постојано е загаден поради депониите во околните населени места. Овие честички се познати како најканцерогени и можат сериозно да го загрозат здравјето на граѓаните, без разлика на возраста.

Експертите од ЕУ и СЗО препорачуваат граѓаните да останат во затворени простории, да користат прочистувачи на воздух, или ако е неопходно да се движат надвор, да носат NK95/KN95 маски.

Најнови вести од: Македонија

Еден од најголемите случаи во поновата историја на Македонија сѐ уште без одговор: кој стоел зад атентатот врз Глигоров на 3.10.1996?

Пред 31 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.

Стопанската комора добитник на меѓународна награда за општествена одржливост

Иницијативата на Стопанската комора на Македонија за унапредување на декарбонизацијата и корпоративната одржливост е меѓу трите највисоко оценети иницијативи од целиот свет на ISAR Honours 2026, признание на Меѓувладината работна група на експерти за меѓународни стандарди (ISAR) при УНКТАД – UN Trade and Development.

To top