Македонија

Ахмети како Милошевиќ со опасна реторика го загрозува мирот во Македонија – Вицепремиерот Фетаи предупредува

ДУИ ги претвори Албанците во сопственост на партијата, додека нивната елита се збогати преку меѓуетничка корупција

 

Денес се соочуваме со нов бран на популизам и лажен национализам од ДУИ, партија која 22 години ветуваше еднаквост и напредок, но донесе само корупција, угнетување и стагнација, изјави денеска на прес-конференција Арбен Фетаи, стои во соопштението на ВРЕДИ.

 

„Нивната нова реторика, предводена од Али Ахмети и Бујар Османи, е очаен обид да се одвлечат вниманието на гласачите од нивните неуспеси и да се манипулираат граѓаните со страв и поделба.

 

Кога Али Ахмети вели „ќе се случи народ“, тој оживува опасна, озлогласена фраза, првпат употребена од Слободан Милошевиќ во 1988 година за поттикнување омраза и конфликт во поранешна Југославија”, смета Фетаи за кого ова не е само реторика туку е опасен повик што го загрозува мирот и единството што, заедно со меѓународните партнери, макотрпно е изградено во Македонија.

 

,,Кога Бујар Османи, постојаниот министер на ДУИ, ни зборува за „референдум“, тој има за цел да го дефокусира вниманието на јавноста од неговото корумпирано минато за кое никогаш не дал отчет.

ДУИ, која некогаш се прогласи за „зелена“ или „мултиетничка“ партија со огранок во Делчево на границата со Бугарија каде што нема Албанци, сега се свртува кон измамнички популизам, кон лажен национализам, прогласувајќи кризи што самата ги создаде за време на нејзините две децении на власт, порачува Фетаи за кого проблемот со Али Ахмети како кум на Отворениот Балкан и Бујар Османи, кој до вчера се однесуваше како да е министер за надворешни работи на Шведска, најдобро го објаснува Арбен Џафери.

 

,,Арбен рече дека „Главниот проблем не е политичка личност која се обидува да ја препише историјата според денешните потреби, туку политиката што означува продолжување на концептите и атавизмите што претходно ја распуштија Југославија“.

 

ДУИ имаше секоја можност 22 години да го спроведе Охридскиот договор, целосно да го официјализира албанскиот јазик и да изгради вистинска рамноправност.

 

Но што направија тие?

 

Тие го претворија Охридскиот договор од чин на мир во алатка за клиентелизам и вазалство. Ја направија државата продолжение на интересите на елитата поврзана со организираниот криминал, додека Албанците останаа маргинализирани, осиромашени и безнадежни.

 

Зошто ДУИ сега зборува за „презир“ или „деградација“ на Албанците, кога самата ги исклучуваше и ги тргаше настрана од можностите за време на своето владеење? Зошто ги „открија“ недоследностите на Охридскиот договор, кои ги оставаа нерешени со децении, дури сега кога се во опозиција?

 

Одговорот е јасен: тие сакаат да избегнат одговорност за нивната корупција и стагнација што ја предизвикаа.

 

Истите луѓе што денес зборуваат за „вазалство“ беа робови на Никола Груевски и Сашо Мијалковиќ. Две децении, тие ги правеа Албанците вазали на клиентелистички систем, каде што работата и меритократијата беа заменети со партија и врски.

 

И знаете ли каква е стратегијата на ДУИ?

 

Денес, оваа партија, потоната во корупција, се обидува да ја претвори кампањата за локални избори во фиктивен национален референдум.

 

Наместо да нудат решенија за населбите, селото, градот, за водата, патот и канализацискиот систем што не ги изградиле, ДУИ и нејзините кандидати познати по корупциски афери се обидуваат да избегнат одговорност за своите неуспеси и за својата корупција.

 

Ова е манипулативна, истрошена тактика.

 

Мораме отворено да го кажеме тоа. ДУИ нема морал да зборува во име на „народот“. Ги претворија Албанците во сопственост на партијата, додека нивната елита се збогати преку меѓуетничка корупција. 22 години ги полнеа своите џебови, оставајќи ја Македонија последна во регионот по економија и демократски стандарди.

 

Драги граѓани, народот јасно се изјасни на изминатите избори.

 

Ја отфрливте корупцијата, невработеноста и бегството на нашата младина. Побаравте промена, промена што ДУИ немаше ниту визија, ниту храброст, ниту морал да ја донесе.

 

Денес, ја отфрламе нивната популистичка, опасна и манипулативна реторика. Го отфрламе лажниот национализам како покритие за криминал и корупција.

 

Сакаме европска Македонија, каде што правдата, развојот, доброто владеење и достоинството за секој граѓанин се примарни.

 

Затоа, апелирам до сите. Да им кажеме доста на популизмот на ДУИ и да продолжиме напред, кон силна, обединета и праведна држава!“,  наведува вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи.

Најнови вести од: Македонија

Б.М.(37) и Ќ.С.(30) од село Корешница, Демиркаписко, киднапирале 21-годишник од Неготино под закани со пиштол и остар предмет – Полицијата ги уапси!

– Вчера во 16:45 и 18:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода Б.М.(37) и Ќ.С.(30), двајцата од село Корешница, демиркаписко, постапувајќи по претходна пријава дека тие со патничко возило „мерцедес“ со демиркаписки регистарски ознаки, противправно лишиле од слобода 21-годишник од Неготино, му се заканувале со пиштол и остар предмет, по што го однеле на непозната локација и физички го нападнале, соопштија од полицијата.

За 24 часа шестмина уапсени поради семејни насилства врз сопруги: кршеле покуќнина, деца со расеченици во обид да го спречат татка си во нападите со остри предмети!

Шест лица се лишени од слобода поради семејно насилство во последното деноноќие, соопшти полицијата.

Честитки од Муцунски до Маѓар: Ги цениме силните заемни односи и очекуваме да ја продолжиме соработката врз партнерството и заедничката европска иднина!

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски му ја честита победата на Петер Маѓар на изборите во Унгарија.

ВМРО ДПМНЕ до Филипче: Нема „тајни бизнис-врски“ со Виктор Орбан и Фидеш, туку само договори Македонија-Унгарија! – Спаси ја СДС од исчезнување и од Заев!

„Венко Филипче, верниот чувар на фотелјата на Зоран Заев во СДС, заедно со неговото ново раководство време е да почнат да живеат тука и сега. Нема никакви тајни бизнис врски со Виктор Орбан и неговата партија. Има официјални државни договори и соработка. Тоа значи договори меѓу Македонија и Унгарија, значи дека има соработка како две држави од ист континент Европа кои соработуваат на повеќе полиња. Филипче, огради се од криминалите на Заев и стави ја СДС на нозе, која ја доведе на раб на исчезнување. Засега немаш луксуз да си губиш време со избори во други држави.“ – реагира остро ВМРО ДПМНЕ кон Венко Филипче и СДС.

Туфегџиќ: Јадна е опозицијата, што го врзува опстанокот со Груевски! Тие политички маргиналци и паразити не понудија ништо суштинско за државата!

Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ реагираше остро кон политичката опозиција, оценувајќи дека е „јадна и очајна“, ако го врзува својото опстанок со  враќањето на Никола Груевски. Според него, можното враќање на Груевски не зависи од домашната политика, туку од, како што вели, „тие што му дале зелено светло да замине“. „За Груевски има кој да мисли, тоа не зависи од нас.“ – посочува Туфегџиќ.

Најнови вести

To top