Македонија

Ахмети: Косово да ги зајакне врските со САД и ЕУ

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, му упати честитка на лидерот на движењето Самоопределување, Албин Курти, по убедливата победа на неговата партија на вонредните парламентарни избори во Косово одржани вчера.

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, му упати честитка на лидерот на движењето Самоопределување, Албин Курти, по убедливата победа на неговата партија на вонредните парламентарни избори во Косово одржани вчера.

Ахмети оцени дека изборниот процес поминал во демократска атмосфера и во согласност со европските стандарди.

„Им честитам на граѓаните на Република Косово за изборниот процес во кој покажаа висока демократска зрелост. Процесот беше слободен, фер и целосно демократски, во согласност со европските стандарди, потврдувајќи ја силата на институциите и слободната волја на граѓаните“ – наведува Ахмети.
Тој порача дека Косово има потреба од стабилност, развој и јасна државна визија во интерес на граѓаните.

„Како човек кој придонел за слободата на Косово и кој длабоко верува во неговата иднина, посакувам Косово да продолжи напред со сигурни чекори, зајакнувајќи ги стратешките врски со Соединетите Американски Држави и Европската Унија. Тоа е патот што гарантира мир и безбедна иднина за новите генерации“ – стои во честитката, придружена со фотографија на Ахмети и Курти.

Албин Курти најави брзо формирање влада, откако Самоопределување освои 49,3% од гласовите по речиси целосно преброени избирачки места, со што ќе го обезбеди третиот мандат на премиерската функција.

Најнови вести од: Македонија

Нови сомнежи и реакции околу „останките од она, што е можеби цар Самуил“, кои Грција ѝ го испорача на Бугарија!

Повеќе од илјада години од неговата смрт македонскиот цар Самуил е повторно во средиштето на светската јавност. По византиските хроничари, македонскиот средновековен владетел сега е цел на вниманието и на современите медиуми, откако на Бугарија ѝ се вратени некои останки, кои му се припишуваат нему, иако за тоа нема никаквви идентификациски и други сигурни докази.

Михаилов: Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, оти тоа значи директна поддршка за нив!

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, овој повик го упати заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој посочува дека ваквата набавка на дрва од страна на граѓаните значи и директна поддршка на дрвокрадците, кои ги пустошат македонските шуми.

Димитриевски: ЗНАМ поддржува средба и разговор со Бугарија, но без отстапки околу македонскиот идентитет и јазик

Македонија има европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура. Ставот што ЗНАМ го застапува е и став на Владата и државна позиција на Македонија, нагласи претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски на денешната средба со граѓани во Гостивар.

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

To top