Македонија

Ахмети: Не протестираме против државата Македонија, туку за слободата на ексводачите на косовската УЧК, на кои им се суди, иако се невини

Али Ахмети имаше дадено „лично“ „согласност“ за одржувањето на денешниот протест „за правда за поранешните водачи на косовската УЧК“, на кои инаку им се суди во Хашкиот трибунал, како осомничени дека извршиле воени злосторства врз цивилно население во 90-тите години од минатиот век. Реагирајќи околу вмешувањето на Ахмети во овој протест, истакнати политички аналитичари-Албанци од Македонија и од регионот, чии ставови веќе ги пренесе редакцијата на „Експрес“, претходно укажаа дека лидерот на ДУИ, кој доживеа не само изборен дебакл, туку и политички потоп, наместо да поднесе оставка, реши политички да го злоупотреби овој протест, во обид да го сопре вртоглавото урнисување на својот политички рејтинг меѓу неговите сонародници во Македонија. Неби Мерсели реагираше жестоко, критикувајќи го Али Ахмети дека „наместо да поднесе оставка, се претставува и натаму како командант на УЧК, па уште и продолжува да говори против Хашкиот трибунал, претставувајќи се и како господар на протестот во Скопје“!

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на протестот во Скопје за поддршка на поранешните водачи на УЧК изјави дека судењето во Хаг треба да заврши со прогласување нивна  невиност, бидејќи како што додаде, „сите оние, што се зад решетки, се обвинети за злосторства, кои не ги сториле“, објави ТВ21. Ахмети рече дека УЧК не била против ниеден народ, ниту им ја негирала слободата на другите, туку барала слобода за сопствениот народ. „Ја сакавме слободата, но не одрекувајќи им ја слободата на другите народи. Нашата армија не беше против ниеден народ, ниту против српскиот народ. Денешните демонстрации не се против државата Македонија.“ – кажа Али Ахмети.


На протестот на ветераните и поддржувачите на УЧК на па плоштадот „Скендербег“ во Скопје учесниците искажаа поддршка и побараа правда за поранешните водачи на ОВК кои се на судење во Хаг. Покрај лидерот на ДУИ Али Ахмети и раководството на оваа партија, меѓу учесниците на протестот беше и Зијадин Села од Алијансата на Албанците. Беа дојдени и поранешните команданти на косовската УЧК Даут Харадинај и Фатмир Лимај,  како и политички личности на Албанците од Македонија и од Балканот. 

„УЧК не беше криминална организација, туку се бореше за правата и за еднаквост на Албанците. За време на конфликтот се почитуваа сите меѓународни конвенции. Не е точно тоа што е наведено во обвинението за поранешните водачи на ОВК, на кои им се суди во Хаг. Испраќаме порака до сите меѓународни чинители дека треба да има правда за овие луѓе.“ – беше речено на протестот.

Додека траеја обраќањата, учесниците на протестот скандираа во знак на поддршка на УЧК. Се вееја знамиња на Албанија, Косово и САД. Дел од присутните носеа и фотографии од обвинетите. Протестот помина мирно, но можеше да се забележи бројно полициско обезбедување.

Премиерот Христијан Мицкоски пред три дена изјави дека Владата не го поддржува маршот на ветераните и поддржувачите на УЧК во Скопје, како и дека е формиран кризен штаб кој ќе ги следи случувањата поврзани со настанот.

Најнови вести од: Македонија

Аларм: Децата без око да им трепне си купуваат цигари како да се мастики

Ново истражување за употреба на тутун кај младите покажува системски недостатоци на повеќе нивоа – од висока достапност на цигарите во продавници и киосци, каде што основците меѓу шесто и деветто одделение можат да набават тутун без поголем проблем, па сѐ до висока изложеност на децата на чад внатре и околу училиштата.

Одложена седницата на работната група за реформи во изборното законодавство, материјалите не биле преведени на албански јазик

Денес не се одржа конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство, поради барањето на дел од албанските партии да бидат преведени материјалите.

Мисајловски: Службата на „Волците“ е симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност, но и заклетва, чест и љубов кон Македонија!

„Специјалните сили ‘Волци’ се симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност. Тие се први кога е најпотребно, најсилни кога е најтешко и најодлучни кога татковината бара сигурност и заштита. Со беспрекорна обученост, тимски дух и силно чувство за должност, секојдневно ја потврдуваат својата елитна позиција во македонската Армија. Вашата служба не е само професија, таа е заклетва, чест и љубов кон Македонија. Благодарение на вашата пожртвуваност, нашите граѓани се чувствуваат безбедно.“ – објави на својот фејсбук-профил министерот за одбрана на Република Македонија Владо Мисајловски.

To top