Македонија

Ако не плативте данок, веднаш блокада и камати, алармира УЈП

Управата за јавни приходи ги повика даночните обврзници кои сè уште не ја платиле разликата по годишните даночни биланси за 2025 година тоа да го направат без одлагање, за да избегнат дополнителни трошоци, камата и мерки за присилна наплата.

Управата за јавни приходи потсетува дека на 16 април истекоа законските рокови за плаќање на разликите по годишните даночни биланси за 2025 година и ги повикува обврзниците што сè уште не извршиле уплата, да го сторат тоа без одлагање.

  • Навременото плаќање на даноците е клучно за стабилни јавни финансии и за непречено функционирање на јавните услуги, додека ненавременото плаќање значи зголемување на долгот поради камата и ризик од присилна наплата, блокирање на банкарските сметки и други мерки. Од вкупно 19.550 поднесени биланси за данок на добивка, данок на вкупен приход и данок на личен доход кај вршителите на дејност во кои е искажана обврската за плаќање, кај 10.252 е евидентирана уплата, што укажува на солидно ниво на даночна дисциплина – потенцираат од Управата.

УЈП веќе испраќа персонализирани известувања до компаниите и до вршителите на дејност со заостанати долгови.

  • Апелираме за итно плаќање на долговите со цел да се избегнат дополнителни трошоци. Во спротивно, ќе следува присилна наплата со дополнителни давачки како еднократна такса и банкарски трошоци, кои го зголемуваат вкупниот долг и ќе влијаат врз тековното работење – се наведува во соопштението.

УЈП потсетува дека може да се намират обврските и преку уплата од трето лице, како и преку пребивање со даночно побарување на обврзникот, а на располагање е и можноста за плаќање на рати,  согласно со законските услови.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top