Македонија

Ако сакате да станете донор на органи по вашата смрт, само свртете или посетете го својот матичен лекар

Целта е да има помалку бирократија, а повеќе почитување на волјата на луѓето

Со само еден повик или посета на матичниот лекар, секој што сака ќе може да стане донор на органи. Се поедноставува постапката со која граѓаните ќе решаваат што по нивната смрт. Ова го предвидува новиот предлог-закон со кој се менува системот за трансплантација во земјава. Целта е да има помалку бирократија, а повеќе почитување на волјата на луѓето. Од Министерството за здравство откриваат дека со измените се проширува и кругот на живи донори.

„Во однос на живи дарители се проширува до четврто колено, досега беше до трето колено, а тоа се први братучеди. И се воведува за починати дарители она што со години здруженијата се залагаат, со така наречена донорска картичка“, вели проф. Д-р Билјана Кузмановска – национална координаторка за трансплантација.

Со овие измени се очекува да бидат спасени повеќе животи и да има поголема надеж за пациентите што чекаат трансплантација. Докторите велат дека ова е голем чекор напред. Очекуваат повеќе донори, побрзи постапки и, најважно, повеќе спасени животи.

Интересно е што за само три месеци имало осум случаи кога можело починат член на семејството да донира орган на друг член, но најблиските одбиле. Докторите велат – ова се најтешките моменти, кога сè е подготвено за трансплантација, а на крај одлуката на семејството ја стопира постапката. Апелираат граѓаните навреме да разговараат со своите блиски и јасно да го кажат својот став за органодарителство.

„Тоа е голем кластер на несогласувања, некогаш се случува во едно семејство да си имаат различни ставови, затоа сметаме дека покрај тоа што ќе остане како и што досега било, нели претпоставена согласност да се праша семејството, ако некој сам се изјаснил, тогаш неговата волја е супериорна“, вели проф. Д-р Билјана Кузмановска – национална координаторка за трансплантација.

Во земјава најголем број пациенти чекаат трансплантација на бубрег – околу 1.800 луѓе во моментов се на дијализа. За трансплантација на срце, пак, чекаат околу 30 пациенти, додека приближно 15 лица се на листата за пресадување на црн дроб.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина

To top