Македонија

Ако таткото нè малтретирал 30 години на различни позиции, сега доаѓа синот… (ВИДЕО)

Генезата во партијата СДСМ е илузорно чувство дека тие имаат наследно право да владеат со оваа држава, вели во НАТКАСТ пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски

Коментирајќи го однесувањето на градоначалникот на Крива Паланка кој вчера беше објавено дека глумел локален шериф, пратеникот  Стојановски го објаснува концептот на функционирање во СДСМ.

Градоначалник влегол во полициска станица да одземе возило предмет на кривично дело

„Такво прикажување на моќ на градоначалник е само продолжение на нивниот нарав. Ова само укажува на тоа што тие луѓе ќе прават сега ако ги запоседнат институциите. Имаше услови во кои министер за социјална политика ги бркаше пензионерите и сега истиот тој министер шета по телевизиите и кажува дека требало да се имплементираат некакви антикризни мерки и дека народот живее лошо…

Таму тие кога ќе седнат на тоа претседателство или состанок, тие не размислуваат колку сме одговорни пред граѓаните и каква мерка ќе преземеме за овој народ да живее подобро туку тие размислуваат што да излажеме денес, колку повеќе да сме неискрени со народот, како денеска овој ден политички да го преживееме, како да пуштиме некој балон во јавноста, како да ги излажеме граѓаните и да ги доведеме во заблуда, за да кога ќе ги запоседнеме институциите да го правиме тоа што го правиме – лиценци за марихуана, отворање на бизниси, притисок кон судство и обвинителство за да можат бизнисите да дојдат во нивни раце, страв, трепет и притискање на политички противник. Тоа е нивната понуда.

Во СДСМ ништо се нема променето, никаква нова политичка парадигма се нема инсталирано во таа партија. Истите луѓе, истите политики, истото потценување, истата лажна самодоверба и истиот криминалитет, рече Стојаноски во гостување на Алфа ТВ.

„-Тие тоа го подаваат на генерациски колена. Ако таткото нè малтретирал 30 години на различни позиции, сега доаѓа синот да биде креатор на различни политики“, вели Стојановски и додава дека дека однесувањето на поединци од СДСМ не е изолиран случај.

Најнови вести од: Македонија

Целосно слеп човек повикан да докажува дека е слеп и му била намалена помошта – ДКСК утврди дискриминација од стручната комисија

Човек целосно слеп на двете очи, чија здравствена состојба е медицински утврдена како трајна и непроменлива, повторно бил повикан на контролен преглед за да му се проценува потребата од туѓа помош и нега. Помошта што претходно ја добивал му била определена во помал обем.

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

Најнови вести

To top