Македонија

Aктивиран e Кризниот штаб на Општина Кисела Вода

Во очекување на снегот

Вчера вечер е активиран Кризниот штаб на Општина Кисела Вода за постапување во зимски услови, кој постојано ја следи состојбата на терен и ја координира работата на сите служби, објави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

 

Во текот на ноќта беа преземени интензивни активности за фрлање на сол и ризла, со цел навремено одржување на патната инфраструктура.

 

Посебно внимание е посветено на повисоките населени места од Припор и Теферич каде поради теренската конфигурација постои поголем ризик од замрзнување на коловозите и наталожување на снег.

 

Механизацијата и екипите се постојано на терен, со јасна задача да се обезбеди безбедно и непречено движење за сите учесници во сообраќајот.

 

Општина Кисела Вода останува посветена на грижата за своите жители, реагирајќи одговорно и професионално во сите временски услови.

 

Апелираме до граѓаните за внимателно движење и почитување на препораките, додека општинските служби и понатаму ќе бидат активно присутни на терен.

 

За сите вакви и слични проблеми, граѓаните можат да се јават на телефонските броеви:

 

075/428-262 (Михаил)

078/383-746 (Дарко)

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Цената на дизелот ќе се намали за два, на бензинот за 1,5 денари

цената за евросупер 95 ќе биде 82 денари за литар, за евросупер 98 – 84 денари, а дизел годивото ќе се точи за 95,5 денари, а во овие цени не се пресметани поспустите од 2 односно 3 денари што ги обезбедува Окта за своите коминтенти

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

To top