Свет

Нетанјаху успеа да го убеди само Трамп да го нападне Иран

Израелскиот премиер постојано ги повикувал претходните американски претседатели да започнат воен напад врз Иран, но сите отфрлиле такво нешто

 

Поранешниот државен секретар на САД, Џон Кери, изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху постојано ги повикувал американските администрации да започнат воен напад врз Иран, но дека сите претседатели пред Доналд Трамп го отфрлиле тоа.

Во интервју за емисијата „The Briefing with Jen Psaki“ во петокот, Кери рече дека учествувал во бројни дискусии со Нетанјаху. „Тој сакаше да нападнеме“, рече тој.

Кери рече дека израелскиот лидер го дал предлогот директно до поранешниот претседател Барак Обама. „Претседателот Обама го отфрли.
Претседателот Џо Бајден го отфрли.
Претседателот Џорџ В. Буш го отфрли“, рече тој.

„Единствениот претседател кој очигледно се согласил со тоа бил претседателот Трамп“, додаде Кери.

Повикувајќи се на неодамнешните извештаи, Кери рече дека Нетанјаху детално изработил план за воена акција, опишувајќи го како „предлог од четири точки“.

Според него, тој предлог вклучувал тврдења дека нападот ќе „го убие раководството, ќе предизвика промена на режимот и ќе ја уништи армијата“.

Кери ги сметал извештаите од тие дискусии за веродостојни. Тој додаде дека Нетанјаху ги презентирал овие аргументи на состаноци на кои присуствувале високи функционери и каде што биле разгледани различни гледишта.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top