Македонија

„Актуале“: Силен шок! Хазби Лика и Гзим Острени од поранешната УЧК се дистанцираа од ДУИ и НАИ и ја поддржуваат Вреди!

На прагот на вториот круг на локалните избори личности од „военото крило“ на ДУИ, кои имаат статус на некогашни „команданти на УЧК од 2001 година“ меѓу Албанците од Македонија, им зададоа силен удар на својот „врховен командант“ Али Ахмети и на ДУИ и нивната опозициска коалиција Национална алијанса за интеграција, појавувајќи се вчера во „срдечни разговори“ со Изет Меџити и Билал Касами, лидери на Вреди, со поддршка за оваа коалиција.

„Во пресрет на вториот круг од локалните избори, албанската политичка сцена во Северна Македонија доживува силен шок. Две познати личности од поранешната УЧК Хазби Лика и Гезим Острени, беа видени јавно на пријателски средби со лидерите на опозициската коалиција Вреди, сигнализирајќи јасно оддалечување од ДУИ и Националната алијанса за интеграција.“ – објави информативниот портал „Актуале“ во својата статија со наслов „УЧК ги напушти ДУИ-НАИ, Хазби Лика и Гзим Острени видени покрај Вреди!“, за што известуваат и други медиуми на албански јазик во Македонија.

Натаму, порталот пишува: „Гезим Острени, добро познатиот поранешен генерал и една од најпочитуваните личности од периодот по војната, имаше срдечен разговор со Изет Меџити, додека, од друга страна, Хазби Лика, една од личностите со голема тежина во структурите на поранешната УЧК и во политичките случувања по конфликтот во 2001 година, беше виден како го поддржува Билал Касами во Тетово.“

„Сликите, кои веќе брзо кружат низ општествените мрежи, предизвикаа многу реакции во јавното мислење, толкувајќи се како историски момент за албанскиот опозициски табор. Овие сигнали доаѓаат во време кога ДУИ се соочува со длабоко незадоволство на локално ниво и со значителни загуби во првиот круг од локалните избори. Изворите од теренот нагласуваат дека ова поставување на Лика и Острени не е случајно. Тоа се смета како јасен знак дека поранешните структури на УЧК ѝ се приклучуваат на новата визија на албанското политичко претставување, раководено од коалицијата Вреди.“

„Овој изненадувачки потег го зајакнува верувањето дека во вториот круг од изборите, на 2 ноември, бранот на промени ќе го предводат не само разочарани граѓани, туку и симболични личности од војната и националниот отпор. Со оваа поддршка Вреди влегува во завршната фаза од трката со нова енергија, станувајќи широка опфаќачка сила, обединувајќи ги граѓаните и идеалите за еднаквост, достоинство и вистински развој.“ – објави „Актуале“.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top