Македонија

Аларм: Расте бројот на луѓе со мозочни удари – годишно околу 5 000 нови случаи

Околу 5 000 нови случаи со мозочен удар има на годишно ниво во државата, вели проф. д-р Анита Арсовска, шеф на одделот за ургентна неврологија при Универзитетската клиника за неврологија. Тоа, според Арсовска, значи дека има 200 до 300 мозочни удари на 100 илјади жители.

Расте бројот на пациенти со мозочни удари, најмладиот пациент кој регистриран на Одделот за неврологија при Клиничка болница-Штип има само 30 години. Лекарите алармираат, пикот е кај 55-годишните, а најризични се мажите и лицата со семејна историја на болеста. Елена Јовева, доцент на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип, вели дека главни причини се висок крвен притисок, шеќер, масти во крвта, пушење и алкохол.

  • Постојат ризик фактори за појава на мозочен удар, од кои што некои можеме да ги промениме, тоа се модифицирачки, но некои не. Од немодефицирачките е возрасната група со пикот на 55 годишна возраст до 69, меѓутоа пикот е 55 годишна возраст. Најмладиот пациент што сме го имале е околу 30 годишна возраст, меѓутоа зависи и од карактерот на мозочниот удар. Исто така, битен фактор е и полот, а мажите се повеќе изложени за можности на добивање на мозочен удар, а исто така и фамилијарната анамнеза. Други фактори на кои можеме да влијаеме и кои што можеме да ги редуцираме со цел да го намалиме ризокот за мозочен удар е регулација на кардиоваскуларните ризик фактор, како висок крвен притисок, шеќер во крвта, зголеменото ниво на масти во крвта, како и намалување на злоупотребата на пушење и алкохолни пијалоци, вели Јовева.

Таа додава дека денешниот ритам и начин на живот многу придонесува за мозочен удар, какошто се седење, стрес и лоша исхрана се клучни ризици.Јовева рече дека според американските истражувања, на секои четири секунди некој доживува мозочен удар, а на секои четириесет минути некој го губи животот од мозочен удар.

  • Тоа ни ја кажува сериозноста за акутната состојба на мозочниот удар, рече Јовева.

Бројот на мозочни удари расте, а лекарите и понатаму алармираат дека ризикот не треба да се игнорира. Навремена грижа за здравјето и следење на ризик-факторите може да спаси животи.

Министерот за здравство Азир Алиу, кој ја посети Клиниката, истакна дека здравствениот систем мора да работи и на превенција и едукација на граѓаните.

Најнови вести од: Македонија

Спречен увоз на 50 тони отровна храна за македонскиот пазар

Официјалните ветеринари на граничниот премин Ќафасан забраниле влез на 27 тони говедско мелено месо со потекло од Парагвај. По извршената проверка во информативниот систем на АХВ и увид во увозната документација, било утврдено дека месото потекнува од објект кој не е одобрен од Агенцијата, со што не се исполнети основните безбедносни стандарди за увоз.

(Фото): Посетители во Зоолошка му ги украле подароците за првиот роденден на мајмунот Мики

Роденденската прослава на младиот гибон Мики во скопската Зоолошка градина заврши со слика што повеќе зборува за посетителите отколку за самиот настан. Наместо симпатична вест за првиот роденден на животното, во јавноста излезе информација дека дел од подароците што биле подготвени за Мики биле украдени од посетители.

Пронајдено женско тело во распаѓање фрлено в река – Дали се работи за насилна смрт?!

Телото на жената што беше пронајдено во фаза на распаѓање во кочанското село Зрновци било обезглавено и без други делови на телото. Полицијата, пожарникарите и обвинителството денеска го пребаруваа поширокиот терен околу местото викано Ѓошевски Орев, во близина на Зрновска Река. Жената сè уште не е идентификувана.

Има услови за отворање на нови шалтери на скопскиот аеродром

Во споредба со останатите аеродроми во регионот, Николоски истакна дека процентот на раст на Скопскиот аеродром за оваа година, според реномираните списанија за авиосообраќај, ќе биде најголем во однос на останатите аеродроми во регионот. Вицепремиерот исто така најави дека веќе се размислува за зголемување на капацитетите на македонските аеродроми.

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави

To top