Македонија

Албанските лидери да ја осудат реториката што го поткопува територијалниот интегритет на Македонија, бара албанска организација од САД

Советот за албански американски односи (ААРК) ги повика сите партии за елиминирање на етнички заснованата реторика

Советот за албански американски односи (ААРК) од САД бара смирување на страстите во Македонија по националистичките скандирања на навивачите во Куманово и во Скопје, повикувајќи ги албанските лидери во земјата да го осудат поткопувањето на територијалниот интегритет.

„Во последните недели имаше загрижувачко зголемување на инцидентите на спортските настани во Северна Македонија кои поттикнуваат етничка омраза и поделба. На кошаркарскиот натпревар помеѓу Романија и Северна Македонија во Куманово навивачите извикуваа ужасни пароли со кои се повикуваше на смрт на Албанци и нивно исчезнување во гасни комори. Како одговор, некои албански навивачи на фудбалски натпревар во Тетово покажаа транспаренти со кои се повикуваше на отцепување.

Оваа опасна спирала мора веднаш да се запре. Политичките лидери од сите заедници мора да дејствуваат решително за да ги осудат и спречат ваквите прикази на омраза пред тие дополнително да ја дестабилизираат земјата.

Антиалбанските скандирања болно го зајакнаа долгогодишниот впечаток кај Албанците дека се третирани како граѓани од втор ред и странци во сопствената татковина. Од друга страна, пораките за отцепување всадија страв кај словенските Македонци за намерите на Албанците и идното единство на државата.

Од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор во 2001 година, Северна Македонија постигна значителен напредок кон интеграција и етнички соживот. Иако предизвиците остануваат, Албанците се префрлија од маргините кон активно учество во политичките, економските и академските институции. Овој напредок не смее да се поништи.

Иако осудата на говорот на омраза од страна на Владата дојде доцна, таа беше јасна. Сега, албанските лидери мора недвосмислено да ја осудат секоја реторика што го поткопува територијалниот интегритет на земјата.

За време на конфликтот, Албанците ја отфрлија понудата за поделба на Македонија по етнички линии, избирајќи наместо тоа заедничка европска иднина. Истиот овој принцип мора да продолжи да ја води нацијата напред. Сите партии мора да работат заедно за да ја елиминираат етнички заснованата реторика и да спречат враќање кон темните поглавја од минатото. Само преку единство, почит и лидерство Северна Македонија може да остане на патот кон траен мир и европска интеграција“, се вели во соопштението на ААРК, пренесено од косовскиот весник „Експрес“, со неколку „фаули“ од типот „словенски Македонци“ и Тетово наместо Скопје, кадешто всушност се скандираше за Голема Албанија и за Илирида.

По трагедијата во Кочани, ААРК излезе со соопштение со кое изрази длабоко сочувство за настраданите.

Најнови вести од: Македонија

Аларм: Децата без око да им трепне си купуваат цигари како да се мастики

Ново истражување за употреба на тутун кај младите покажува системски недостатоци на повеќе нивоа – од висока достапност на цигарите во продавници и киосци, каде што основците меѓу шесто и деветто одделение можат да набават тутун без поголем проблем, па сѐ до висока изложеност на децата на чад внатре и околу училиштата.

Одложена седницата на работната група за реформи во изборното законодавство, материјалите не биле преведени на албански јазик

Денес не се одржа конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство, поради барањето на дел од албанските партии да бидат преведени материјалите.

Мисајловски: Службата на „Волците“ е симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност, но и заклетва, чест и љубов кон Македонија!

„Специјалните сили ‘Волци’ се симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност. Тие се први кога е најпотребно, најсилни кога е најтешко и најодлучни кога татковината бара сигурност и заштита. Со беспрекорна обученост, тимски дух и силно чувство за должност, секојдневно ја потврдуваат својата елитна позиција во македонската Армија. Вашата служба не е само професија, таа е заклетва, чест и љубов кон Македонија. Благодарение на вашата пожртвуваност, нашите граѓани се чувствуваат безбедно.“ – објави на својот фејсбук-профил министерот за одбрана на Република Македонија Владо Мисајловски.

To top