Македонија

Алиу: ДПА нема добиено покана за влез во владата, но нема да ја одбие, ако биде упатена

„Поразот на ДУИ на локалните избори не е национална трагедија на Албанците.“ – изјави Имер Алиу, членот на Централното претседателство на ДПА, која попладнево денес одржува Централно собрание.

Oдговарајќи на новинарско прашање дали ќе станат дел од Владата, Имер Алиу одговори дека „сè уште не добиле покана, но додаде дека и дека нема да ја одбијат, ако им биде упатена“. Тој нагласи дека „ќе почекаат да видат како ќе се развива ситуацијата во наредните денови“. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Актуале“.

Порталот натаму наведува: „Отсега ќе водиме дијалог, или расправа со секого, вклучително и со владата. Но, агендата на Демократската партија на Албанците и агендата на владата се различни. Ние сигурно ќе разговараме со сите.“ – рече Имер Алиу од ДПА. 

Тој посочи дека Централното собрание на неговата партија, меѓу другото, денес формирало Координативно тело, кое ќе ги координира натамошните активности на ДПА. „Многу ветувања се дадени, сега е време да се исполнат. Ќе ги потсетуваме на нивната одговорност албанските партии, кои имаат позиции во локалната и централната власт, дека нема да имаат никаков изговор да не ги исполнат ветувањата, кои им ги дадоа на граѓаните.“ – рече Имер Алиу, објави „Актуале“.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top