Македонија

Алиу: Повредените во дискотеката „Пулс“ не треба да плаќаат ни партиципација за лекување

Тоа ни е едно од ветувањата, лично мое и на Владата за да може да се реши тој проблем, вели министерот за здравство

Министерот за здравство Азир Алиу извести дека работна група бара начин како да ги ослободи од партиципација речиси 200-те повредни во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред речиси една година и кои се принудени да доплаќаат за здравствените услуги.

„Дефинитивно ние работиме на креирање на програма бидејќи знаете партиципација е законска надлежност за да може на секоја институција да се плати за секој пациент. Разговараме со работната група да најдеме начин како тоа да влезе во некоја од постојните програми кои што ги имаме.

Тоа ни е едно од ветувањата, лично мое и на Владата за да може да се реши тој проблем. Таа партиципација, колку и да е мала, треба да се отстрани со цел да може таа комуникација меѓу институциите и семејствата или граѓаните кои имаат некаков тип на барање на третман да можат да не плаќаат партиципација“, рече министерот Алиу денес при посетата на болницата во Кочани во која почнаа активности за уредување на дворот.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top