Македонија

Алиу: Решаваме децениски проблем со паркирањето во Клинички центар

По месеци интензивна работа и поминување на сите неопходни административни и правни процедури, конечно го решаваме деценискиот проблем со паркирањето во кругот на клиничкиот комплекс

По месеци интензивна работа и поминување на сите неопходни административни и правни процедури, конечно стигнавме до одлука со која го решаваме деценискиот проблем со паркирањето во кругот на клиничкиот комплекс. Ова прашање го најавивме како еден од првите приоритети, чие затворање беше условено од сложени постапки и усогласувања. Со последната одлука на Владата, оваа работа добива јасна институционална рамка и се отвора патот кон трајно решение во интерес на пациентите и сите вработени во комплексот клиники, истакна министерот за здравство Азир Алиу на денешната прес-конференција.

Станува збор за одлука за давање под закуп на недвижни ствари со непосредна спогодба со град Скопје, заради организирање, управување, уредување и одржување на паркиралиштата во просторот на комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Со оваа одлука се овозможува просторно доуредување и изградба катни гаражи.

Во следната фаза Град Скопје ќе започне со проектирање и изградба на катните гаражи.

– Договорот ќе биде склучен на 15 години, со закупнина во висина од 10 проценти од вкупно остварениот промет и со него овозможуваме модернизација и значително зголемување на капацитетите за паркирање. Во рамки на нашите заложби за дигитализација, предвидуваме комплетен мониторинг на паркирањето, при што ќе бидат поставени информативни табли, со дигитален водич кој ќе ги насочува граѓаните. Верувам дека со оваа новина конечно ќе се стави ред во паркирањето и ќе се задоволат потребите на пациентите и на вработените во комплексот клиники, посочи Алиу.

Предвидено е и урбано и хортикултурно уредување на просторот со зеленило, имплементација на „паметен паркинг систем“ со интегрирани сензори за детекција на слободни паркинг места, камери со автоматска регистрација на возила, мобилна апликација за реално време резервации и уплати, како и поврзување со фискален систем и е-управување.

Најнови вести од: Македонија

Агатангел: ВМРО-ДПМНЕ ќе владее колку Тито, оваа Влада ја консолидира Македонија како држава и ги штити националните интереси!

Митрополитот Повардарски Агатангел изрази целосна поддршка за премиерот Христијан Мицкоски и актуелната Влада, оценувајќи дека државата е во сигурни раце, во интервју за телевизија „Алфа“, тој прогнозираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на власт онолку долго колку што владеел Јосип Броз Тито.

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top