Македонија

АЛТА банка ја претставува новата апликација ALTA Bank2Go за побезбедни онлајн трансакции

Со цел дополнително зголемување на безбедноста при интернет плаќањата

Со цел дополнително зголемување на безбедноста при интернет плаќањата и усогласување со новите регулаторни барања кои стапија во сила од 1 март 2026 година, АЛТА банка АД Битола воведува засилена автентикација при онлајн плаќања со платежни картички. Како дел од оваа новина, Банката ја воведува новата мобилна апликација ALTA Bank2Go, преку која корисниците ќе можат брзо и едноставно да ги потврдуваат интернет трансакциите преку push нотификации на својот мобилен уред.

Овој начин на потврда овозможува побрз, поедноставен и посигурен процес при извршување на онлајн плаќањата. Засилената автентикација (Strong Customer Authentication – SCA) претставува дополнителен безбедносен механизам кој значително го намалува ризикот од злоупотреба и неовластени трансакции, обезбедувајќи повисоко ниво на заштита при онлајн плаќањата.

Користењето на апликацијата ALTA Bank2Go е бесплатно, а за нејзино користење потребно е клиентите да бидат регистрирани и активни корисници на постоечката мобилна апликација Bank2Go, која е наменета за секојдневни банкарски услуги како увид во состојба, плаќања и трансфери. Со воведувањето на ова решение, АЛТА банка продолжува да инвестира во современи дигитални услуги со цел да обезбеди повисоко ниво на безбедност и поедноставно банкарско искуство за своите клиенти. Повеќе инфомрации побарајте на следниов

Најнови вести од: Македонија

Грчки „патриоти“ ја штитат и Македонија од евентуален напад од Иран

Атина ја презеде заштитата на македонскиот воздушен простор во рамките на НАТО, а на барање на Софија ја штити и Бугарија со распоредување батерија „патриоти“ на северот од земјата и со двојка ловци Ф-16

Лекарите на хартија дежураат без пауза, а за пациентите нема термин ни за лек, можно ли е?!

Министерството за здравство со строги мерки за следење на работата на здравствените работници, со цел обезбедување ефикасна работа и транспарентност. Министерот Азир Алиу најави воведување нов систем за евиденција на работното време преку отпечаток од прст и нагласи дека ќе се преземат законски мерки против институциите и директорите кои нема да ги почитуваат правилата.

To top