Македонија

ALTA Банка овозможи SEPA кредитни трансфери

Од денес, АЛТА банка АД Битола официјално овозможи извршување и прием на SEPA кредитни трансфери, со што на своите клиенти им нуди побрзи, поекономични и стандардизирани плаќања во евра кон и од земјите членки на Единствената област за плаќања во евра (SEPA).

Од денес, АЛТА банка АД Битола официјално овозможи извршување и прием на SEPA кредитни трансфери, со што на своите клиенти им нуди побрзи, поекономични и стандардизирани плаќања во евра кон и од земјите членки на Единствената област за плаќања во евра (SEPA).

Со приклучувањето кон SEPA, АЛТА Банка се интегрира во европските платни шеми, овозможувајќи прекуграничните плаќања во евра да се извршуваат под исти услови како и домашните плаќања во рамките на SEPA зоната.

SEPA кредитните трансфери се карактеризираат со значително пониски трошоци во споредба со традиционалните меѓународни плаќања, побрза обработка, најдоцна до следниот работен ден, како и транспарентна структура на трошоци со примена на принципот SHA (поделени трошоци).

Услугата е наменета и за граѓани и за компании кои вршат плаќања во евра кон странство, при што овозможува поефикасен платен промет, подобра контрола и следење на трансакциите, како и усогласеност со европските платни стандарди.

SEPA кредитните трансфери во ALTA Банка се извршуваат во согласност со регулативата на Народната банка на Република Северна Македонија, правилата за девизно работење, како и прописите за спречување перење пари и финансирање на тероризам.

Со воведувањето на SEPA плаќањата, АЛТА Банка продолжува со унапредување на своите платежни услуги, нудејќи современи, сигурни и економични решенија во корист на своите клиенти и нивното деловно работење

Најнови вести од: Македонија

Дурловски против Фрчковски: Секој обид за „висока мисла“ за Заев завршува како пародија

Оперскиот уметник и јавен коментатор Игор Дурловски со остра реакција на социјалните мрежи го критикуваше јавниот дискурс поврзан со поранешниот премиер Зоран Заев, посочувајќи дека станува збор за длабока морална и интелектуална празнина во која, како што наведува, секој обид за „висока мисла“ завршува како пародија.

350 планинари го искачија Клепа во чест на Калина и Александар

Искачувањето традиционално беше посветено на прерано загинатите планинари Калина Велеска и Александра Миновски, кои учествуваа на првото издание на манифестацијата, а на 10 февруари 2018 година трагично го загубија животот при искачување на врвот Кајмакчалан.

To top