Македонија

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати честитка по повод Денот на независноста на Македонија

„Во име на американскиот народ, упатувам најтопли честитки до народот на С. Македонија, додека славите 35 години независност.“ – истакнува американскиот државен секретар Марко Рубио во честитката, упатена по повод Денот на независноста на Република Македонија Осми септември.

Во празничната честитка натаму шефот на американската дипломатија нагласува: Соединетите Американски Држави се горди, што стојат покрај С. Македонија како доверлив сојузник и партнер. С. Македонија игра важна улога во зајакнувањето на безбедноста и стабилноста низ целиот регион преку нејзината посветеност на нашата заедничка одбрана и соработка во борбата против тероризмот и напорите за сајбер безбедност,

Американскиот државен секретар го поздравува постојаниот раст на економското партнерство, вклучително и преку годинашниов Стратегиски дијалог во Вашингтон.

– Заедно ги унапредуваме можностите во енергетиката, инфраструктурата, технологијата и другите сектори за зајакнување на просперитетот во двете наши земји. Ви посакуваме радосен Ден на независноста и непрестаен мир, безбедност и просперитет, во годините што доаѓаат, истакнува Рубио во честитката, објавена на веб страницата на американскиот Стејт департмент – Министерство за надворешни работи.

Најнови вести од: Македонија

Обвинителката која 5 години без докази го прогонува Жан Митрев ветува рационализација на предмети за да стане шефица на организиран криминал

Во правосудните кругови се шпекулира дека Хаџи Василева има поддршка од една обвинителка која е блиска на кругови блиски на кланот Заеви и дека во гласањето на обвинителите ќе бидат ангажирани мрежите на Зоран Заев во правосудството и нивните бизнис партнери

To top