Македонија

Американските „Ренџери“ и „Фоки“ распоредени на Блискиот Исток: Се подготвува ли копнена офанзива против Иран?

Стотици припадници на специјалните сили на американската армија пристигнаа на Блискиот Исток, јавуваат американските медиуми.

Стотици припадници на специјалните сили на американската армија пристигнаа на Блискиот Исток, јавуваат американските медиуми.

Според „Њујорк Тајмс“ и „Си-би-ес“, кои се повикуваат на воени извори и лица запознаени со операцијата, станува збор за припадници на елитните единици „Ренџери“ на копнените сили на САД, како и за единици од морнаричките „Фоки“ (Navy SEALs).

Новопристигнатите специјални сили им се придружуваат на илјадниците американски маринци и падобранци кои веќе се распоредени во регионот.

Според истите извори, американските сили би можеле да бидат ангажирани во неколку високо ризични мисии, меѓу кои повторно отворање на Ормутскиот теснец, преземање контрола врз клучниот ирански извозен нафтен центар на островот Харг, како и акции за обезбедување или уништување на високо збогатен ураниум.

Последните денови значително растат шпекулациите за можен копнен напад на САД врз Иран. Аналитичарите оценуваат дека присуството на специјалните сили во регионот ја зголемува веројатноста за ограничени копнени операции, особено во стратешки важни области.

Американскиот претседател Доналд Трамп јавно го повика Техеран на дипломатско решение за конфликтот што го иницираа САД и Израел, но истовремено предупреди дека доколку Иран не ја прифати понудата, следува понатамошна, можно и многу посериозна воена ескалација.

Најнови вести од: Македонија

Блокирани 104 веб-страници за незаконско коцкање преку интернет

Министерството за дигитална трансформација информира дека министерот Стефан Андоновски издал налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

To top