Македонија

Ана Дангова-Хуг доби едногласна поддршка за да биде нов кандидат за судија во ЕСЧП

Комисијата за избор на кандидат за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) денеска ја одржа шестата седница по добиеното мислење од советодавниот панел во однос на спроведувањето на националната постапка за избор

Комисијата за избор на кандидат за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) денеска ја одржа шестата седница по добиеното мислење од советодавниот панел во однос на спроведувањето на националната постапка за избор.

Членовите на Комисијата изразиле задоволство што експертскиот панел нема забелешки за постапувањето на Комисијата и за целата национална постапка, која според експертскиот панел не иницира никакво посебно прашање.

Сепак, од таму констатирале дека еден од тројцата предложени кандидати не ги исполнува во целост критериумите за судија во Судот во Стразбур. Со цел да се запазат роковите, Комисијата денеска заседавала и утврдила нов кандидат на местото на оспорениот кандидат.

Едногласна поддршка од членовите на Комисијата добила Ана Дангова-Хуг, која е предложена како нов кандидат за судија во ЕСЧП.

Од Комисијата информираат дека постапката за избор на новиот кандидат била спроведена целосно во согласност со утврдените критериуми и препораки, со примена на истиот принцип на гласање како и претходно, вклучително и почитување на препораките на ДКСК за изземање на дел од членовите.

Комисијата, утре, преку Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, официјално ќе го извести експертскиот панел за новиот кандидат.

Најнови вести од: Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top