Македонија

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Од пет шумски пожари, што денеска се активни на територијата на државата, најтежок и најкомплекснен за гаснење е оној на планината Китка, во Општина Студеничани, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Тој во својата пладневна видеоизјава за состојбата со пожарите вели дека постојат индиции оти пожарот на Китка некој намерно го реактивира, бидејќи иако пред три дена бил целосно изгаснат и цел ден немало ниту траг од горење, сега повторно е пламнат.

Во текот на вчерашниот ден имавме најмалку 33 пожари на отворен простор. Најкомплексен и најтежок за гасење е пожарот што сега гори на планината Китка, рече директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

„Најтежок, најкомплексен за гасење е пожарот којшто сега гори на планината Китка, пожар којшто во неколку наврати го стававме под целосна контрола, пожар којшто во неколку наврати и целосно беше изгаснат, пожар на којшто пред три дена му го зададовме конечниот удар затоа што еден цел ден немаше ниту траг од горење. За жал, некои злобници, луѓе коишто од користољубие или од одмазнички мотиви упорно го палат и повторно подметнаа долга линија којашто беше неможно да се изгаси брзо. Овие злобници коишто палат ваков пожар на вакво место треба да знаат дека со нивното поведение ризикуваат да убијат други луѓе, да ги убијат жителите на многубројните села околу и под Китка“,вели Ангелов.

Тој апелира до локалното население да внимаваат на некои луѓе се наоѓаат меѓу нив бидејќи, како што вели, има индиции дека потпалувачите се токму од тој регион.

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, додаде Ангелов.

Инаку, попладнево во Скопје е забележлива зачаденост за која од Центарот за управување со кризи велат дека се должи на ветерот кој го носи чадот од пожарот на планината Китка.

На пожарот на Китка, како што информираа од ЦУК, претпладнево дејствувал хеликоптер на МВР со цел ставање на огнот под контрола.

Најнови вести од: Македонија

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

Во пресрет на грејната сезона – парно, струја, дрва: Што најмногу го празни џебот?!

Најефикасното, но и најскапо современо решение е топлотна пумпа систем воздух-вода. Оваа инвестиција бара помеѓу 6.500 и 9.000 евра, иако потоа месечната потрошувачка на струја за целата куќа е приближна на трошокот за два инвертер уреди. За домаќинствата кои немаат буџет за вакви системи, поставувањето на три поквалитетни инвертер клими со инвестиција од околу 2.500 евра.

Секоја десетта цигара во ЕУ е нелегална, црниот пазар ја опфаќа и Македонија

Предизвик за европските институции не е само растот на нелегалното производство, туку и неусогласениот начин на кој земјите му се спротивставуваат. Националните системи за контрола и спроведување значително се разликуваат, кривичните дела и казните не се доволно хармонизирани, а и натаму постојат празнини во соработката и размената на информации меѓу надлежните институции.

Секоја генерација треба да знае за хероите кои го дадоа животот за Македонија, рече министерот за одбрана

Покровител на турнирот е Министерството за внатрешни работи, а тој се организира во соработка со Министерството за одбрана, Бирото за јавна безбедност и здруженијата на загинатите бранители.

To top