Македонија

Ангелов: Шест активни пожари низ земјава, пожарот во Зелениково бил злонамерно подметнат

Избегната катастрофа благодарение на локалните жители и пожарникарите

Состојбата со пожарите на отворен простор во текот на вчерашниот ден беше навистина тешка – имаше 29 пожари. Од нив, 22 се целосно изгаснати благодарение на брзата реакција и силната пожртвуваност на локалните пожарникари. Еден е ставен под контрола, додека шест се активни во моментов, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во видео-изјава објавена на Јутјуб.

„На пожарот на територијата на Македонски Брод, во атарот на село Драгов Дол, денеска користиме специјална техника, односно непосредно до пожарот наместивме голем импровизиран базен од којшто хеликоптерот ќе полни вода и ќе може да фрла врз блискиот оган со кратки циклуси, значи на 4-5 минути ќе имаме едно фрлање на вода, со што значително ќе помогне на локалните пожарникари и на тимот за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување, составен од 25 доброволни пожарникари и пет оперативци на Дирекцијата, кои во суштина претставуваат специјален модел за гаснење на шумски пожар. Истите имаат завршено повеќе обуки од овој тип и пролетта ги испратив на специјална обука во Словенија“, соопшти Ангелов.

Тој рече дека очекува во текот на денот целосно да го изгаснат овој пожар.

„Следниот пожар се наоѓа на територијата на општина Крушево, атар на село Борино и село Житоше. Рано утрово таму упатив тим за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување, составен од 20 доброволни пожарникари од Доброволното друштво „Свети Архангел“ од Битола. Резултатите се изворедни. Исто како и изминатите денови изгаснаа неколку пожари и денес овој пожар е пред целосна ликвидација. Очекувам некаде до пладне да биде воспоставена целосна контрола врз него, потоа да се изврши проверка и истиот да биде целосно изгаснат, со што нема да ги загрозува селата“, додаде Ангелов.

Пожарот што повеќе денови е на територијата на општина Студеничани, во атарот на село Рамни Габер, бил, исто така, сè уште активен.

„Тој не ја зголемува својата динамика, но, се движи по тешко пристапен, а на делови тотално непристапен терен, поради што во текот на денот врз него најверојатно ќе делуваме со ер-тракторите. Сè зависи да не се појави некој друг висок приоритет“, посочи Ангелов.

Четвртиот пожар, на територијата на општина Велес, веќе навлегувал и во подрачјето на Зелениково.

„Од велешка страна е во атарот на село Слп, додека од страна на Зелениково се наоѓа, се движи кон селата Добрино и Тисовица. Гори ниска вегетација, неквалитетна шума и габер. Велешките пожарникари макотрпно ќе продолжат да работат и денес, по потреба ќе добијат и воздушна поддршка. Нагласувам дека теренот, исто така, е исклучително негостољубив и непристапен за гаснење од земја“, истакна директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.

На територијата на општина Јагуновце, над селото Копанце, сè уште бил активен пожарот што гори неколку дена.

„Гори мешана шума, претежно неквалитетна шума, трње, грмушки и трева. Всушност, тоа го има во моето, вчера објавено, видео. Овде ќе дејствуваме со ер-тракторите на Дирекцијата за да спречиме барем еден негов крак“, најави Ангелов.

Тој рече дека оптимист е оти пожарот благовремено ќе биде ставен под целосна контрола и нема да може да загрози ниту едно од блиските села.

„На територијата на општина Крива Паланка имаме пожар во атарот на село Конопница и тоа се активните пожари во овој момент. Во наредниот период очекувано е да се појават и други пожари на отворен простор, но, за да се појават што помалку или можеби да не се појави ниту еден, повторно апелирам до сите македонски граѓани – ве молам, внимавајте, доволна е само искра за вистинска катастрофа“, алармираше Ангелов.

Тој рече дека катастрофа била избегната синоќа во Зелениково.

„Притоа, таа катастрофа не мора да биде национална катастрофа – но, ако некому му изгори куќата во којашто живее, ако некому му изгори викендица којашто му е драга – којашто му е во наследство, за нив тоа ќе претставува вистинска катастрофа. Ваква катастрофа беше избегната синоќа во Зелениково. Пожарот којшто изби околу два часот по полноќ, за којшто веднаш бев известен и набргу потоа стигнав на лице место, се закануваше на повеќе куќи од последниот ред на ридот во Зелениково. Благодарение на локалните жители коишто прскале со вода, ги исекле грмушките и облиските дрвја, веднаш потоа пристигнал градоначалникот, возејќи го противпожарното возило на општината, со него заедно пристигнале и доброволни пожарникари од Зелениково, овој пожар е ставен под контрола и набргу потоа изгаснат. Веднаш потоа пристигнала и скопската екипа од професионални пожарникари. Сите заедно го зададоа последниот удар на овој пожар. Но, овој пожар го проценувам за исклучително опасен, злонамерно подметнат во непосредна близина на последните куќи. Исклучувам можност случајно да настанал бидејќи во сред ноќ, во два часот по полноќ, нормален човек на тоа место нема што да бара и не се движи. Висока трева, грмушки и трње, затоа повеќе од сигурно сум убеден дека овој пожар е предизвикан намерно. МВР работи на откривање на причинителите, односно сторителите“, додаде Ангелов во видео-изјавата објавена на Јутјуб.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

Стојков: Грција и Бугарија ќе го користат примопредавањето на моштите на македонскиот цар Самуил за пропаганда против Македонија!

„Свечената“ објава на бугарскиот премиер Румен Радев дека в сабота, на 3 октомври, Грција ќе ѝ ги предаде посмртните останки од цар Самуил (починат 1014 година), одекна не како историско-научна сензација, туку токму така како што беше и конструирана – со политичко тенденциозност спрема Македонија. Ова се нагласува во статијата со наслов „Стојков: Не е сигурно дека моштите се на цар Самуил, а Бугарија и Грција немаат ни правна основа за нивно примопредавање“, која ја објави информативниот портал „МКД.мк“

(ВИДЕО) Разбиена е криминалната и терористичка група од Скопје, кај која е пронајдено знаме на „Исламска држава“! – Кривична пријава за тројца (Видео)

МВР информира дека вчера Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена организирана криминална група од Скопје, инволвирана во вршење на кривични дела од областа на тероризам и недозволена трговија со оружје.

Мицкоски: Во судството има измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ

Говорејќи за правосудството во емисијата „Под лупа“ на ТВ „Алфа“, претседателот на Владата Христијан Мицкоски истакна дека таму, покрај огромното мнозинство чесни луѓе, постои и измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ.

To top