Бизнис

Помалку од половина од Бугарите го поддржуваат воведувањето на еврото

Поддршката за европската валута достигна 49,2 проценти во јули и е поголема во однос на мај за 3,4 отсто

Влегувањето на Бугарија во еврозоната и воведувањето на еврото од 1 јануари 2026 година го поддржуваат помалку од половина од граѓаните на источниот македонски сосед, покажува истражувањето на јавното мислење од агенцијата „Алфа рисрч“.

Во прилог на тоа се изјасниле 49,2 проценти од учесниците во нкетата нарачана од Министерството за финансии и спроведена со таблети од 8 до 22 јули на 1.200 испитаници постари од 16 години.

Поддршката за еврото е малку зголемена во однос на мајските 45,8 отсто, што се должи на растот на прифаќањето на европската валута од бизнисот – 69 отсто од 500 анкетирани бизнисмени се изјасниле позитивно.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top