Македонија

Арбен Тавари лут зашто Азир Алиу не го почитувал уставното име на државата и албанскиот јазик

Крилото на Алијанса за Албанците предводено од Арбен Таравари упати критика кон Министерството за здравство, обвинувајќи го за кршење на Преспанскиот договор и за непочитување на уставните норми, само еден ден по средбата меѓу Таравари и американската конгресменка со грчко потекло, Никол Малиотакис. Повод за реакцијата беше неодамнешното отворање на здравствениот дом во општина Илинден. […]

Крилото на Алијанса за Албанците предводено од Арбен Таравари упати критика кон Министерството за здравство, обвинувајќи го за кршење на Преспанскиот договор и за непочитување на уставните норми, само еден ден по средбата меѓу Таравари и американската конгресменка со грчко потекло, Никол Малиотакис.

Повод за реакцијата беше неодамнешното отворање на здравствениот дом во општина Илинден. Според соопштението, Министерството направило два крупни пропусти – на поставените табли не бил употребен албанскиот јазик, а наместо уставното име „РСМ“ било напишано само „Република Македонија“.

„Овие постапки се спротивни на законските одредби за употреба на јазиците и претставуваат директно непочитување на Преспанскиот договор“, стои во соопштението. Оттаму бараат јавно извинување од Министерството за здравство, а од министерот Азир Алиу – политичка одговорност, поради, како што посочуваат, „оштетување на меѓународниот углед на државата“.

Министерството за здравство сè уште нема излезено со официјална реакција на обвинувањата.

Најнови вести од: Македонија

Стоп за деца и малолетници на социјалните мрежи

Според анкета на  Институтот за демократија – Социетас цивилис Скопјеоддржуваат  дури 78% од  граѓанитете поддржуваат забрана за пристап до социјални медиуми за деца под 12 години и регулација на пристапот за малолетници до 16 години

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

To top