Македонија

Стоп за деца и малолетници на социјалните мрежи

Според анкета на  Институтот за демократија – Социетас цивилис Скопјеоддржуваат  дури 78% од  граѓанитете поддржуваат забрана за пристап до социјални медиуми за деца под 12 години и регулација на пристапот за малолетници до 16 години

 

 

Потребни се итни мерки за заштита на децата од штетните ефекти на социјалните медиуми, покажува истражувањето според кое 76% од испитаниците ги поддржуваат двете највисоки категории на поддршка за забрана на пристап до социјални медиуми за деца под 12 години и регулација на пристапот за малолетници, додека 58% целосно ја поддржуваат оваа мерка. Просечната оценка на поддршка изнесува 4,3 од 5, што укажува на широк општествен консензус дека институциите не смеат повеќе да чекаат, реагираат од Граѓанска иницијатива „За безбедно детство“.

Анкетата преку теренско истражување на национално репрезентативен примерок од 1.000 испитаници била спроведена во период од 27 февруари до 10 март.

„Овие наоди силно ги подржуваат барањата на граѓанската иницијатива ‘За безбедно детство’, чија петицијата ‘Заштита на децата до 16 години – забрана и регулација на социјалните мрежи во Македонија’, досега ја поддржаа речиси 3.000 граѓани. Во неа јасно бараме заштита на децата до 16 години преку забрана и регулација на употребата на социјалните мрежи, во која се бараат јасни законски и институционални мерки: возрасна верификација, засилена родителска контрола, ограничување на алгоритамско таргетирање кон деца, посебна заштита на личните податоци на малолетници, санкции за платформите и национална програма за дигитална писменост.

Анкетата покажува дека поддршката е висока кај различни демографски групи. Таа е особено изразена кај повозрасните испитаници (околу 80% над 40 години), но останува силна и кај помладите возрасни категории (69% од оние 18-29 години) подржуваат регулација. Поддршката е висока и кај урбаното и кај руралното население, што покажува дека прашањето не е маргинално, туку станува збор за тема што ги засега семејствата, училиштата и целото општество“, се наведува во соопштението до медиумите на Граѓанска иницијатива „За безбедно детство“.

Австралија стана првата земја во светот што ги забрани социјалните медиуми за деца под 16 години во декември 2025, блокирајќи го пристапот до платформи, вклучувајќи го ТикТок, Јутјуб и Инстаграм, како и Фејсбук на Мета и Снапчет .

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top